Фановите го молат Лиам Хемсворт: „Избриши ги фотографиите со Мајли Сајрус!“
Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Оператор 06-12-2019
Продавач 06-12-2019


Фановите го молат Лиам Хемсворт: „Избриши ги фотографиите со Мајли Сајрус!“

Тој има нова прекрасна девојка, но изгледа сѐ уште не може да се ослободи од магијата на неговата луда поранешна сопруга.

fanovite-go-molat-liam-hemsvort-izbrishi-gi-fotografiite-so-majli-sajrus-001.jpg

Холивудските парови често имаат трновит пат, а така беше и со Лиам Хемсворт и Мајли Сајрус. Тие беа пар со прекини речиси една деценија и иако беа целосна спротивност еден на друг се венчаа во 2018 година.

По само 8 месеци, парот се разведе, а брзо потоа беа фотографирани со нови партнери.

fanovite-go-molat-liam-hemsvort-izbrishi-gi-fotografiite-so-majli-sajrus-02_resize.jpg

Но, иако Лиам е во врска со црвенокосата млада актерка Медисон Браун, тој изгледа сѐ уште ја нема преболено Мајли Сајрус затоа што Инстаграм профилот му е преполн со стари фотографии од неа.

Дури и фановите преку коментари упатија апел со Лиам да ги избрише фотографиите од Мајли, која во меѓувреме ужива со новото момче Коди Симпсон.

„Започни да ги бришеш фотографиите со неа и продолжи со својот живот, ти си прекрасно суштество и заслужуваш љубов и некој што те разбира“, „Избриши го тоа минато“, „Зошто сѐ уште ги немаш тргнато фотографиите со неа кога таа очигледно продолжи понатаму. Ќе видиш дека љубовта ќе дојде на твојот пат штом го направиш тоа“, се дел од искрените коментари на фановите упатени кон Лиам.

Инаку, новата девојка на Лиам е од Австралија, исто како и Лиам, и двајцата го обожаваат актерството и плажата, па фановите навиваат новата врска на актерот да успее.

Фотки од новата љубов на Лиам Хемсворт:

fanovite-go-molat-liam-hemsvort-izbrishi-gi-fotografiite-so-majli-sajrus-09_resize.jpg

fanovite-go-molat-liam-hemsvort-izbrishi-gi-fotografiite-so-majli-sajrus-08_resize.jpg

fanovite-go-molat-liam-hemsvort-izbrishi-gi-fotografiite-so-majli-sajrus-07_resize.jpg

fanovite-go-molat-liam-hemsvort-izbrishi-gi-fotografiite-so-majli-sajrus-06_resize.jpg

fanovite-go-molat-liam-hemsvort-izbrishi-gi-fotografiite-so-majli-sajrus-05_resize.jpg

fanovite-go-molat-liam-hemsvort-izbrishi-gi-fotografiite-so-majli-sajrus-04_resize.jpg

На следната страна фотките на Лиам и неговата непреболена Мајли:



Би можело да ве интересира:

Одмаздата на Лиам Хемсворт - Среќен со новата девојка во јавност (фото... Откако Мајли Сајрус јавно го понижи Лиам Хемсворт и побара развод од него, а еде...
Фановите разочарани од концертот на U2 - Редици долги 1 километар, за ... Во петокот навечер, познатиот музички бенд имаше концерт во Сиднеј. Но, голем бр...
Мајли Сајрус: „Консумирав дрога, се сликав гола, но не го изневерив Ли... Мајли на Твитер комплетно се разголе емотивно и проговори за разводот со Лиам, а...