Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Бред Пит и Џенифер Анистон се допираа и гушкаа - зад сцената на SAG наградите (фото)

Џенифер и Бред ни го дадоа она што сите го чекаа - обединување, прегратка и бакнеж (пријателски). 

bred-pit-i-jennifer-aniston-konechno-se-obedinija-imaa-moment-za-sebe-zad-scena-foto-1.jpg

Досега на сите настани избегнуваа контакт пред јавноста, а и ретко се појавуваа заедно на исто место по разводот во 2005-та.

Сепак, од минатата година, по прославата на 50-иот роденден на Анистон каде тој се најде на листата гости, гласините за повторно смирување не престанаа да кружат. 

Се шпекулираше дека за роденденот Пит ѝ купил куќа на Анистон, што подоцна беше демантирано. Иако во меѓувреме излегоа гласини дека Пит има нова девојка, сепак фановите и медиумите не застанаа тука. 

Неодамна, на Твитер беше хит реакцијата на Џенифер, кога во говорот на Златни глобуси, Бред направи шега на сметка на неговиот љубовен живот.

На доделувањето на SAG наградите викендов, конечно имавме можност да ги видиме Анистон и Пит заедно зад сцената, како разменуваат прегратки, а повеќе од очигледно е дека се во одлични и блиски односи.

brad-pitt-i-jennifer-aniston-konechno-se-obedinija-so-pregratka-i-baknezh-si-gi-chestitaa-nagradite-foto-02.jpg

brad-pitt-i-jennifer-aniston-konechno-se-obedinija-so-pregratka-i-baknezh-si-gi-chestitaa-nagradite-foto-03.jpg

Двајцата добија награда, а не пропуштија шанса да си честитаат, со искрена насмевка, прегратка и пријателски бакнеж во моментот кој го имаа за себе, а не помина незабележан.

brad-pitt-i-jennifer-aniston-konechno-se-obedinija-so-pregratka-i-baknezh-si-gi-chestitaa-nagradite-foto-04.jpg

Пит дури и со посебно внимание го проследи говорот на Џенифер, која претходно изјави дека гласините за нив двајца веќе стануваат хистерични. 

?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed&ref_url=https%3A%2F%2Fd-23744641041608552428.ampproject.net%2F2001071857360%2Fframe.html

И за крај, моментот кога Бред изгледа не сакаше да се одвои од Анистон:

brad-pitt-i-jennifer-aniston-konechno-se-obedinija-so-pregratka-i-baknezh-si-gi-chestitaa-nagradite-foto-06.jpg

brad-pitt-i-jennifer-aniston-konechno-se-obedinija-so-pregratka-i-baknezh-si-gi-chestitaa-nagradite-foto-05.jpg

brad-pitt-i-jennifer-aniston-konechno-se-obedinija-so-pregratka-i-baknezh-si-gi-chestitaa-nagradite-foto07.jpg

Што мислите, можеме ли наскоро да очекуваме и нешто повеќе од пријателство помеѓу поранешниот холивудски пар? 

Верните фанови дефинитивно се многу возбудени за овој момент, иако мислењата се поделени... 

?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1219084226798198784&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.cnn.com%2F2020%2F01%2F19%2Fentertainment%2Fjennifer-aniston-brad-pitt%2Findex.html

?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1219092486645260288&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.cnn.com%2F2020%2F01%2F19%2Fentertainment%2Fjennifer-aniston-brad-pitt%2Findex.html

?ref_src=twsrc%5Etfw%7Ctwcamp%5Etweetembed%7Ctwterm%5E1219117984381165570&ref_url=https%3A%2F%2Fwww.cnn.com%2F2020%2F01%2F19%2Fentertainment%2Fjennifer-aniston-brad-pitt%2Findex.html

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с... Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...
„Заради неа почна да се бања и да ги чисти забите со конец“: Бред Пит сака деца со девојка му Инес Според извор близок до Бред Пит, актерот, за кој долго се шпекулира дека не воде...
Пит и Клуни стареат со стил: Позираат за GQ во вилата во Франција за која се тужат Бред и Анџелина „Ми се случува да се запознаам со луѓе, а тие да ми речат: Мислев дека си постар...
Џенифер Анистон фит во бикини на 55, Никол Кидман со откопчан патент: Фото-докази дека и ѕвездите се... Ријана во специфичен аутфит со бунда на вечера со сопругот, Каја Гербер, ќерката...
Бред Пит и новата девојка блескаат како излезени од модна писта, a Џоли е убавица во црно на настан ... Бред Пит и на 60 години е како излезен од модна писта во целосно жолт аутфит, по...
Џенифер Анистон на вечера со Педро Паскал, по тајната свадба на бившиот сопруг: „Не ѝ беше сеедно“ Една недела по тајната свадба на Џастин Теру со 23 години помладата избраничка, ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg