Карлеуша се пожали дека Аријана ѝ го ископирала аутфитот: „Смешно е и не е во ред“

Јелена Карлеуша е позната по нејзините впечатливи аутфити, а честопати знае да се пожали дека светските ѕвезди без срам го копираат нејзиниот изглед и стајлинг.

karleusha-se-pozhali-deka-arijana-i-go-iskopirala-autfitot-smeshno-e-i-ne-e-vo-red-01.jpg

Последно, српската пејачка се огласи по повод стајлингот на Аријана Гранде на Греми наградите кои се одржаа вчера.

Аријана беше облечена во слоевит фустан од тул, креација на Giambattista Valli, а Карлеуша на нејзиниот Инстаграм профил направи споредба помеѓу двете во иста креација со неколку месеци разлика. 

Имено, Јелена носела ист таков фустан во октомври 2019-та, кој наводно е персонализирана креација за неа, со потпис на Amina Hasanbegovic.

karleusha-se-pozhali-deka-arijana-i-go-iskopirala-autfitot-smeshno-e-i-ne-e-vo-red-02.jpg

Во објавата на Карлеуша стои:

„Здраво Аријана Гранде. Во ред е да имаш ист фустан, НО ако фустанот е персонализирана креација, тогаш.. ???. Разбирам дека фустанот на Аријана е од G. Valli, но тоа е уште посмешно.

Не е во ред, не заради мене, туку заради Амина Хасанбеговиќ која го направи оригиналниот фустан. “

Што мислите, можно ли е Аријана да позајмила инспирација од Јелена Карлеуша? 

Мора да признаеме, дури има сличност во позите на фотките на двете пејачки... 

karleusha-se-pozhali-deka-arijana-i-go-iskopirala-autfitot-smeshno-e-i-ne-e-vo-red-03.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто Аријана Гранде и Синтија Ериво постојано се држат за рака? „Ослободувам многу енергија преку моите дланки. Па, секогаш држам некој за рака“...
Вирални (и непријатни) моменти што ги обележаа MTV VMA 2025 + најсмешните твитови за настанот Доџа Кет си стави кармин на црвениот тепих, па го изеде, Аријана Гранде мака мач...
Вирално видео: „Обожавател“ ја нападна Аријана Гранде на премиера во Сингапур – упаднал и на концерт... Аријана Гранде беше видно вознемирена откако млад дечко истрча кон неа и насилно...
Аријана Гранде повторно загрижува со преслабиот изглед: „Ѝ се гледаат градните коски, не ѝ верувам д... Додека некои изразуваат загриженост што Аријана Гранде изгледа преслабо, па дури...
Го оддели од сопругата и 3-годишниот син, па го остави: Аријана Гранде ја раскинала врската со колег... Аријана Гранде се разведе од сопругот поради аферата со колегата Итан Слејтер. Н...
Хари и Меган „посрамотени“ на турнејата во Австралија: Се жалат за тешкиот живот, јавноста ги критик... На конференција во Австралија, Хари ја искористи можност да се пожали за тешкиот...

Најчитани неделава