Го оддели од сопругата и 3-годишниот син, па го остави: Аријана Гранде ја раскинала врската со колегата, која почна како афера
- Детали
- среда, 12 ноември 2025
Аријана Гранде се разведе од сопругот поради аферата со колегата Итан Слејтер. Но, наводно, на љубовта ѝ дошол крајот бидејќи Итан не можел да го следи темпото на пејачката и бил засенет од нејзиниот успех. Некои, пак, коментираат дека на Аријана брзо ѝ здосадуваат партнерите и затоа го оставила.

Аријана Гранде се разведе од сопругот поради аферата со колегата Итан Слејтер. А, и Итан ја остави сопругата за да биде со познатата пејачка.
Тие се запознаа во 2022 година, на сетот на Wicked, во период кога Итан беше во брак со неговата девојка од средно.
Кога и двајцата ги оставија сопружниците и ја потврдија врската, Итан и Аријана беа неразделни и на секој настан присуствуваа заедно.
Сепак, сега се шпекулира дека и на оваа врска ѝ дошол крајот, бидејќи тие не се фотографирани заедно уште од април годинава.
Што знаеме за целта драма?
Уште откако ја почнаа врската, Аријана и Итан беа критикувани од јавноста. Ги нарекуваа „уништувачи на семејства“, најмногу бидејќи Итан има и дете, а се направија и многу мемиња со нив.
Потоа, поранешната сопруга на Итан сподели емотивен есеј во кој пишуваше за болката што го изгубила партнерот кој го сакала уште од средношколските денови.
Според изворите, оттогаш Итан успеал да го подобри односот со поранешната сопруга и сега заедно се грижат за нивниот тригодишен син.
Но, истовремено, се шпекулира дека Итан се каел што си го уништил мирниот живот со поранешната сопруга и почнал врска со една од најпознатите жени во светот.
„Некогаш се прашува дали можеби погреши што не остана во неговиот потивок свет. Контрастот од неговиот поранешен и сегашен живот е брутален“, вели извор близок до актерот.
Како што велат изворите, Аријана постојано е во движење – оди на настани, настапува, го снимаше продолжението на Wicked, а сега оди на промоции...
Па, на Итан му било тешко да го следи нејзиното темпо, особен кога имал и обврски околу синот.
„Ја сака, но се дави во циркусот што го претставува нејзиниот живот. Тој е навикнат на контролирана театарска сцена, а не на распродадени арени и толку многу внимание.
Дури и кога е дома, со мислите е на друго место. Заморно е да го гледате како се обидува да го фати темпото на Аријана“.
Друг проблем била и разликата во успехот што го имаат постигнато Итан и Аријана.
Додека таа е наградувана пејачка, а се покажа и како добра актерка, Итан е славен само поради неа. Тој е театарски актер и никој немаше слушнато за него сè додека не ја почна врската со Аријана.
Па, комбинацијата од натрупаниот распоред на Аријана и фактот што Итан е засенет од нејзиниот успех, наводно почнало да создава тензија меѓу нив.
Некои, пак, го коментираат и љубовното минато на пејачката и нејзината навика брзо да ги менува партнерите. Аријана имаше неколку врски кои делуваа сериозно, но завршија рано.