Го оддели од сопругата и 3-годишниот син, па го остави: Аријана Гранде ја раскинала врската со колегата, која почна како афера
На пример, врската со Пит Дејвидсон траеше само неколку месеци, но овој период тие направија заеднички тетоважи, па и се свршија.
Претходно, Аријана беше во врска со нејзиниот танчар Рики Алварез. Оваа врска траеше околу една година, но тие постојано беа заедно – и на настани, и приватно.
Што се однесува до нејзиниот поранешен сопруг, Далтон Гомез, Аријана се венча со него околу една година откако ја почнаа врската.
Но, се разведоа во 2023-та, поради аферата со Итан.
Па, поради сето ова, некои коментираат дека Аријана брзо се вљубува, но уште побрзо сака да ги менува партнерите.
Неодамна во Лондон имаше премиера на новото продолжение на Wicked, каде се појавува и Итан Слејтер.
И, на настанот, Аријана и Итан држеа дистанца. Дури и на заедничката фотка со актерската екипа, тие не стојат еден до друг.
На црвениот тепих не ни позираа како пар, со што дополнително се разгореа гласините дека се разделиле.
Сепак, по премиерата, Аријана сподели објава со неколку фотки, меѓу кои има и фотографија на која позира со Итан и уште еден актер.
По ова, извори блиски до пејачката изјавија дека изминативе неколку месеци, таа и Итан „постојано раскинуваат и се смируваат“, како и дека одлучиле периодов да се кријат од јавност.
Исто така, тимот на Аријана им забранил на медиумите да поставуваат какви било прашања поврзани со Итан, особено додека го промовираат новиот филм.
Спирова С. | Црнобело