Зошто Аријана Гранде и Синтија Ериво постојано се држат за рака?
- Детали
- четврток, 20 ноември 2025
„Ослободувам многу енергија преку моите дланки. Па, секогаш држам некој за рака“, изјави Аријана Гранде која не ја испушта раката на Синтија Ериво на секое заедничко појавување.

Откако лани почнаа да го промовираат филмот Wicked, Аријана Гранде и Синтија Ериво изгледа како постојано да се држат за рака, без разлика дали се на црвен тепих или даваат интервју во студио.
Станаа и мета на шеги поради постојаните допири, а минатата година вирално се ширеше и видео од интервју на кое Аријана ја држи колешката за прст.
Сега, Аријана прозборе за близината меѓу нив и сподели зошто секогаш се фатени за рака.
32-годишната Аријана гостуваше во подкастот на Ејми Полер, која реши да ѝ го постави прашањето што сите ги мачи.
„Навистина е слатко што се допирате една со друга, на начин полн со љубов, во знак на поддршка…
Сакате да се држите за рака и да бидете овде една за друга. Ти често го правиш тоа со други луѓе, нели?“ – ја прашува Ејми.
Аријана вели:
„Да, да. Ослободувам многу енергија преку моите дланки. Па, секогаш држам нечија дланка. Секогаш стискам нешто.
Секогаш посегнувам по нешто. Често го држам за рака тој што е до мене. Да, сакам да дадам поддршка и енергија“.
Аријана вели дека не ни била свесна дека го прави ова, сè до виралното видео кога ја фати Синтија за прст.
„Ја фатив бидејќи не знаев што се случува. Само сакав да ѝ дадам поддршка. И, беше слатко. Чувството беше убаво“.
Претходно и Синтија ја спомна навиката да се држат за раце:
„На Аријана ѝ треба физички контакт кога има емоција. Треба да биде блиску до некој, па јас сум тука за неа“.
Покрај држењето за раце, Синтија и Аријана честопати се прегрнуваат.
Деновиве, пак, почна да се споделува и видео на кое Синтија непотребно ѝ го мести ѓерданот на Аријана за време на промоција на првиот филм Wicked.
Аријана носи дијамантски ѓердан, а додека зборува со новинар, Синтија не престанува да го мести.
Но, како што истакнуваат некои, на ѓерданот воопшто не му требало местење.
Некои сметаат и дека со овој гест, Синтија како да сакала да го одвлече вниманието од Аријана.
„Само го сврте и го врати на истото место за да биде повклучена во интервјуто“.
„Ова излегува од контрола“.
„Навистина се чудни“.
Но, додека некои се шегуваат, други сметаат дека конекцијата што ја имаат Синтија и Аријана е убава и не треба да биде причина за потсмев.
Спирова С. | Црнобело