Татко ѝ ја оставил на метро станица, во 30-тите се прослави преку ноќ: Тешкиот пат до успехот на Синтија Ериво
- Детали
- сабота, 22 ноември 2025
Откако татко ѝ ја напуштил на 16-годишна возраст, Синтија останала со нејзината мајка и нејзината сестра. Со години работела како театарска актерка за која не знаел никој, но благодарение на поддршката од сестра ѝ, добила улога на Бродвеј, за на крај да стане и холивудска ѕвезда.

Синтија Ериво се прослави преку ноќ благодарение на мјузиклот Wicked, каде со Аријана Гранде ги имаат главните улоги.
Моментално тие го промовираат второто продолжение на филмот, а во меѓувреме, 38-годишната Синтија издаде и мемоари во кои открива детали за нејзиното тешко минато.
Синтија, која ја почна кариерата како театарска актерка, откри дека татко ѝ ја напуштил кога била тинејџерка.
Таа зборува и за својата сексуалност – Синтија од 2022 година е во врска со жена и иако е среќна, вели дека на блиските им требало многу време да ја прифатат.
„Имав 16 години кога татко ми ме остави, сама на метро станица во Лондон, по расправија за билет“, пишува актерката во своите мемоари.
Таа појасни дека иако не била блиска со татко ѝ, тој ѝ го плаќал билетот за јавен превоз. Но, пред да ја остави, ѝ рекол дека веќе не сакал да троши пари на неа.
Синтија се разгневила бидејќи тоа било единственото нешто што го добива од татко ѝ.
Притоа, биле во тешка финансиска состојба, а билетот ѝ бил неопходен за да оди на училиште.
По кратка расправија, татко ѝ ѝ рекол дека ќе ѝ купи билет, но дека повеќе не сака да ја види.
„Го купи билетот и си замина, а јас бев шокирана. Не мислев дека толку ќе ме повреди. Се качив во возот, но бидејќи бев вознемирена, сфатив дека се движам во погрешна насока.
Па, излегов и го здогледав татко ми како доаѓа кон мене. Но, ме одмина, како воопшто да не ме познава“.
Синтија вели дека оттогаш го видела татко ѝ двапати, но не си кажале ниту еден збор.