Бурниот (и краток) брак на Итан Хок и Ума Турман: Ја изневери со дадилката, па се венча и доби дете со неа по разводот
- Детали
- недела, 07 септември 2025
Иако Итан Хок негира дека ја изневерил Ума Турман со нивната дадилка, штом се разведоа, тој почна врска со неа, па дури и се венчаа. Ума нема откриено што навистина се случило, освен дека имало „предавство“, додека Итан вели дека разводот бил најголемото понижување во неговиот живот.

Кон крајот на 1990-тите и раните 2000-ти, Ума Турман и Итан Хок беа омилениот холивудски пар.
Додека да се венчаат, и двајцата беа докажани актери, а заедно се појавија и во два филма.
Но, сонот за совршената актерска двојка одеднаш почна да се руши, откако во јавноста почна да се шпекулира дека Итан ја изневерил Ума со дадилката на нивните деца.
Иако Итан негираше, бракот им се растури, а потоа актерот и се венча со дадилката.
Како пропадна една од најпознатите врски во Холивуд?
Итан Хок и Ума Турман ја почнаа врската додека заедно го снимаа филмот Gattaca.
Се венчаа во 1998-ма, а истата година ја добија и ќерката Маја Хок која денес е актерка. Потоа, во 2002-ра, го добија синот Левон.
Но, само пет години по свадбата, во јавност почна да се шпекулира дека Итан ја изневерил актерката со дадилката на нивните деца – Рајан Шохјуз.
Актерот ги негираше обвиненијата за неверство, но во 2005 година сепак го финализираа разводот.
Гласините за наводната афера не стивнуваа, па неколку месеци по разводот, Ума реши да зборува за целата ситуација во шоуто на Опра Винфри.
„Навистина е тешко, тешко е за целото семејство. Еден ден сме семејство, а следниот веќе не сме. Нашиот брак пропадна.
Треба да преземам целосна одговорност за пропаста на нашиот брак. Ако обвинувам некој нема да се чувствувам подобро.
Заморно е, но и чудно бидејќи прво имаш добар дечко, потоа сопруг, па деца и светот се чини убав. Но, одеднаш е како лавина. И не ти се верува што чувствуваш“.
Иако актерката како да се обиде да го одбрани поранешниот сопруг, по разводот, Итан сподели дека почна врска со дадилката.
Но, стоеше на ставот дека не ја изневерил Ума.
„Бракот се распадна поради огромниот притисок. Знам дека луѓето си замислуваат некаква афера како на филм, но вистината е дека кога јас и Рајан се вљубивме, имаше поминато многу време“, изјави во интервју за The Guardian.