Најомразените дадилки во Холивуд кои уништија цели семејства
- Детали
- сабота, 11 април 2026
Бракот на Џенифер Гарнер и Бен Афлек заврши поради неговата афера со дадилка, а слична е судбината и на бракот на Арнолд Шварценегер и Марија Шривер.

Дадилките се норма за познатите, но изгледа норма е и славните мажи да спијат со нив, без разлика дали се во брак или не.
Многу славни бракови се распаднале поради афери, а во дел од нив биле вклучени дадилките што биле најмени да се грижат за нивните деца.
Дел од најомразените дадилки во Холивуд:
Дејзи Рајт, дадилката на Џуд Ло
Во 2005 година, Џуд Ло беше свршен со Сиена Милер. Дотогаш и двајцата имаа деца од други партнери и, како и секоја славна личност, имаа најмено дадилка.
Но, додека сите очекуваа свадба, нивната дадилка Дејзи Рајт во интервју за The Mirror откри дека имала афера со Џуд.
Тогаш 26-годишната Дејзи сподели дека аферата траела два месеца, во период кога актерот го снимал All the King’s Men во Њу Орлеанс.
Дејзи дури и детално опиша што се случувало, истакнувајќи дека актерот бил тој кој ја завел, пред да отидат во неговата хотелска соба.
„Беше прекрасно. Џуд е искусен љубовник… Се бакнувавме и си помислив ’Не ми се верува, се бакнувам со Џуд Ло‘.
Потоа отидовме горе, во неговата соба, се бакнувавме и се соблековме. Многу го посакував“.
Поранешната дадилка сподели и дека во собата влегол синот на Џуди ги видел заедно. Синчето ѝ кажало на Сиена која потоа веднаш ја отпуштила Дејзи.
Џуд Ло, пак, јавно ѝ се извини на Сиена со изјава за магазинот People.
„Нема оправдување за моите постапки за кои искрено жалам“, рече актерот, меѓу другото.
Иако по некое време Џуд и Сиена решија да ѝ дадат уште една шанса на врската, сепак се разделија.
Кристин Узониан, дадилката на Бен Афлек
Бен Афлек и Џенифер Гарнер беа во брак цели десет години, сè додека не се разделија поради нивната дадилка.
Тие имаа три деца, за кои ја имаа најмено тогаш 27-годишанта Кристин.
Во 2015-та, целото семејство отишло на Бахамите, а оттаму Кристин била и на приватен авион со Бен Афлек и Том Брејди.
Наводно, оваа вечер тие спиеле заедно, а подоцна Кристин сподели дека таа контактирала папараци за да ја фотографираат со актерот.
Бен и Џенифер се разделија, а кога јавноста дозна за дадилката, актерката истакна дека нивниот брак бил завршен пред аферата.
„Бевме разделени со месеци кога дознав да дадилката. Таа немаше никаков удел во нашата одлука да се разведеме.
Да, одлуката (на Бен) беше лоша. Не е убаво за децата одеднаш да им се смени дадилката“, изјави Џенифер.
