Најомразените дадилки во Холивуд кои уништија цели семејства
Милдред Баена, дадилката на Арнолд Шварценегер
Во 1990-тите, Арнолд Шварценегер беше во брак со Марија Шривер, а од 1991 година, за нив работеше дадилката Милдред Баена.
Во 1997-ма, додека Марија беше бремена со најмалото дете, Арнолд спиел со дадилката Милдред, но тогаш никој не дознал за аферата.
Милдред останал бремена – детаљ што бил непознат и за Арнолд сè до 2011 година.
Арнолд потоа јавно го призна вонбрачниот син, но и ѝ се извини на Марија.
„Ѝ кажав за сопругата за овој настан кој се случи пред една деценија. Ги разбирам и ги заслужувам гневот и разочарувањето од моите пријатели и семејство.
Нема оправдување и преземам целосна одговорност за болката што ја предизвикав“.
Марија и Арнолд се разделија, но актерот се зближи со вонбрачниот син кој денес е негова копија.
Клер Хаусмен, дадилката на Мик Џегер
Мик Џегер отсекогаш имал репутација на „женкар“, па веројатно не изненадува фактот дека и тој спиел со негова дадилка.
Во 1998-ма, тој ја најмил Клер Хаусан како дадилка додека бил на турнеја со бендот Rolling Stones, во период кога беше во брак со моделот Џери Хол.
Аферата почнала речиси веднаш.
Подоцна Клер сподели дека првпат го сретнала Мик додека излегувал од бањата и бил гол.
Ова се случувало додека неговата сопруга Џери била во соседна соба.
„Не знаев кон каде да гледам и тој само ми рече ’Здраво, јас сум Мик‘. Искрено, не знаев со која рака да се ракувам!“
Првпат спиеле заедно по два дена, и тоа во кујната на пејачот и неговата сопруга.
Иако Мик Џегер ја негираше аферата, околу една година подоцна, Џери Хол побара развод.
Спирова С. | Црнобело
