Хари и Меган „посрамотени“ на турнејата во Австралија: Се жалат за тешкиот живот, јавноста ги критикува

На конференција во Австралија, Хари ја искористи можност да се пожали за тешкиот живот во кралската палата, а Меган Маркл се пожали за онлајн булингот. Додека некои ги поддржуваат, голем дел од јавноста смета дека Меган и Хари само сакаат внимание и воопшто немаат цел да им помагаат на другите, како што самите тврдат. Други, пак, велат дека воопшто не им е јасно што прават во Австралија.

hari-i-megan-posramoteni-na-turnejata-vo-avstralija-se-zhalat-za-teshkiot-zhivot-javnosta-gi-kritikuva021.jpg

Принцот Хари и Меган Маркл се на неколкудневна турнеја во Австралија каде што ќе држат говори на неколку настани и ќе посетат болници, организации...

Во вторникот (14.04) тие слетаа во Мелбурн и прво посетија детска болница и музеј, а потоа волонтираа во добротворна организација која има помага на загрозени жени и деца.

Тие присуствува на конференција, ќе одат и на крстарење, а ќе гледаат и рагби натпревар.

hari-i-megan-posramoteni-na-turnejata-vo-avstralija-se-zhalat-za-teshkiot-zhivot-javnosta-gi-kritikuva-0.JPG

Ова се само дел од обврските на познатиот пар, но уште на почетокот на турнејата се соочија со критики.

Членовите на кралското семејство редовно одат на вакви турнеи, но бидејќи Хари и Меган се откажаа од своите титули, на јавноста не ѝ е јасно која е целта на нивната турнеја.

Некои експерти сметаат дека од турнејата имаат лична корист – не само што ќе заработат пари, туку ќе имаат можност да склучат и договори со разни брендови.

Некои експерти предвидуваат дека турнејата ќе им донесе повеќе од 10 милиони долари што веројатно им се неопходни, особено кога ќе се земе предвид дека го загубија договорот со Нетфликс и имаа низа неуспешни проекти.

hari-i-megan-posramoteni-na-turnejata-vo-avstralija-se-zhalat-za-teshkiot-zhivot-javnosta-gi-kritikuva-05.JPG

Во меѓувреме, некои од Австрлијците се прашуваат и кој ги покрива трошоците за посетата на парот.

Според SkyNews, дел од трошоците ќе ги плати државата со пари што жителите ги плаќаат за даноци.

Иако Меган и Хари велат дека патувањето е приватно, односно самите си го организираат, некои шпекулираат дека дел од трошоците сепак ќе паднат на грб на државата – на пример, за обезбедување.

„Тимот на Меган и Хари кажа дека сите трошоци за обезбедувањето ќе си ги платат тие. Но, оттогаш дознавме дека полицијата сепак ќе има некаква операција – велат за заштита на заедницата.

Ова е важен фактор – секојпат кога има голема толпа, полицијата мора да оди на терен“, пишува медиумот.

hari-i-megan-posramoteni-na-turnejata-vo-avstralija-se-zhalat-za-teshkiot-zhivot-javnosta-gi-kritikuva-06.JPG

Покрај критиките за трошоците, некои ги критикуваат Меган и Хари дека лажно ја претставуваат турнејата како хуманитарна, кога всушност самите се стават во фокус.

На пример, на конференција Хари се пожали за тешкиот живот во кралската плата и сподели дека никогаш не ги сакал кралските должности.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Меган Маркл за првпат се појави на Модната недела во Париз и стилски издоминира Со елеганција како принцезата Дијана и лице речиси без шминка, Меган Маркл издом...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Бруклин Бекам со трогателна исповед против родителите: „Мајка ми го украде првиот свадбен танц од мо... „Моите родители пробуваа да ми ја уништат врската уште пред мојата свадба. Ноќта...
Луисана Лопилато наполни 39 години и испрати моќна порака: „Грешев, плачев, се пронаоѓав – и во најт... Неодамна прослави 15 години со саканиот, со кого има 4 деца, од кои едното на 3 ...
Дамиано Давид прослави 2 години врска со саканата, која му порача: „Животот стана толку убав откако ... „Најдобрите 2 години од мојот живот... Најмалку еднаш неделно се расплакувам, за...

Најчитани неделава