Хари и Меган „посрамотени“ на турнејата во Австралија: Се жалат за тешкиот живот, јавноста ги критикува
„Откако почина мајка ми пред мојот 13-ти роденден, си помислив ’Не ја сакам оваа работа, не ја сакам оваа позиција – кон каде и да се движам со ова, не ми се допаѓа‘.
Оваа работа ја уби мајка ми и многу се противев“, вели принцот.
Тој додава дека со години лутал и не знаел што да прави, но потоа сфатил дека може да ги искористи своите ресурси и својата положба за да направи позитивна промена во светот.
„Се прашував и што би сакала мајка ми да направам. Тоа навистина ми ја промени перспективата“.
Претходно, Меган и Хари држеа говор на универзитет во Мелбурн, каде што Меган се пожали за искуството со онлајн булингот.
Таа истакна дека социјалните мрежи имаат огромно влијание врз менталното здравје и им порача на студентите да бидат силни.
„Десет години, секој ден во период од десет години бев напаѓана и бев жртва на булинг. Бев најнапаѓана личност во целиот свет. Но, уште сум тука“.
Мислењето на јавноста за турнејата на Меган и Хари е поделено.
Некои го поддржуваат парот и сметаат дека навистина го користат нивното влијание за да направат позитивна промена во светот.
Но, други имаат само критики:
„Нели рекоа дека турнејата не е за нив, туку за да им помогнат на помалку среќните?“
„Хари се однесува како да е единственото дете што изгубило родител. Да, тешко е и тажно, но треба да порасне и да си најде вистинска работа“.
„Хари, ако не ти се допаѓало кралското семејство, зошто уште се однесувате како да сте дел од нив?“
„Не сакал кралски должности, но со задоволство ги користи богатството и привилегиите“.
Кралското семејство не ја коментира турнејата на Меган и Хари.
Спирова С. | Црнобело