Како изгледаа ѕвездите на нивното прво појавување на црвениот тепих? (фото)
Тејлор Свифт (2007)
Првенчето на Тејлор од 2006 е насловено „Tim McGraw“ и се најде на нејзиниот албум „Taylor Swift“. Овој албум ја направи популарна, и веќе во октомври следната година, пејачката беше прогласена за најдобар текстописец и артист на годината од страна на Nashville Songwriters Association.
Ова ја направи најмладата пејачка што ја освоила оваа награда.
Зeк Ефрон (2005)
Во 2006-та, Зек ја имаше главната улога во „High School Musical“, што се покажа како вистински хит.
Потоа актерот доби улога во филмската адаптација на бродвејскиот мјузикл „Hairspray“ и оваа улога го направи популарен.
Викторија Бекам (1998)
Во 1994-та, Викторија им се придружи на Spice Girls. Во 1996-та, нивниот сингл „Wannabe“ стана број еден хит во Велика Британија, САД и 29 други држави.
Зои Салдана (2005)
Првата филмска улога на Зои беше во „Center Stage“ во 2000-та. Подоцна, актерката се појави во „Crossroads“, а во 2003 глумеше во „Pirates of the Caribbean: The Curse of the Black Pearl“.
Кристен Стјуарт (2005)
Во 2002-ра, Кристен се појави во „Panic Room“, а во 2004-та во „Catch That Kid“.
Рајан Гослинг (2004)
Уште од 1995-та, актерот имаше улоги во серии како „Are You Afraid of the Dark?“, „The Adventures of Shirley Holmes“ и „Young Hercules“.
Но, улогата што го прослави е онаа во „The Notebook“.
Мерил Стрип (1979)
Мерил дебитираше на филмската сцена во 1977-ма со филмот „Julia“. Првата номинација за Оскар ја доби за драмата „Kramer vs. Kramer“.
Леонардо ди Каприо (1989)
Леонардо глумеше во „Critters 3“ во 1991-ва. Две години подоцна, заедно со Џони Деп, глумеше во филмот „What’s Eating Gilbert Grape“. Неверојатната изведба му донесе номинации за Златен глобус и Оскар.
Салма Хајек (1995)
Во 1989-ва, Салма ја имаше главната улога во мексиканската сапуница „Teresa“.
Во 1995-та, филмот „Desperado“ ја прослави во САД и ѝ помогна да го привлече вниманието на холивудските филмски студија.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





