Тамара наполни 40 години - изненадување од децата на Козјак, љубовна порака од саканиот Лука (видео)
- Детали
- понеделник, 02 јуни 2025
„40-та ја дочекав на една од најубавите локации во Македонија, на Козјак, со моите луѓе, мојата фамилија, пријатели, мојот бенд, тим и со најверната публика. Благодарна сум на сите што ве имам и сте дел од мојот живот“ - напиша Тамара.
Тамара Тодевска вчера (01.06) наполни 40 години. Својот роденден го прослави со концерт на отворено, на Козјак.
На забавата ѝ дојдоа и родителите - татко ѝ Велко и мајка ѝ Брана, но и многу пријатели, како и луѓе кои сакаа да се забавуваат со нејзината музика.
Меѓу гостите беа и нејзините деца, кои излегоа со бонбони на сцената и со мал подарок во моментот кога неколку нејзини пријатели пуштија конфети за концертот да биде роденденски.
Од саканиот Лука Радовиќ, пак, доби огромен букет среде настап. Тој претходно на Инстаграм Стори објави неколку заеднички фотографии со Тамара и љубовна порака.
„Радувај му се на секој момент. Ти благодарам на сè. Те сакам најмногу на светот. Среќен роденден љубов моја“ - напиша тој.
И Тамара не можеше да ги скрие емоциите, па сподели видео од концертот на Козјак.
„40-та ја дочекав на една од најубавите локации во Македонија, на Козјак, со моите луѓе, мојата фамилија, пријатели, мојот бенд, тим и секако... со најверната публика. Благодарна сум на сите што ве имам и сте дел од мојот живот“ - напиша таа.
Погледнете го видеото:
А. Ј. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





