Скандалозниот спот на Реља и Николија го споредуваат со филмот „50 нијанси сиво“ - интимни допири, симулација на водење љубов (видео)
Спотот започнува со Реља кој ја соблекува долната облека, а многумина коментираат дека потсетува на сцени од филмот „50 нијанси сиво“. Се споделува вирално... Соодветно или претерано?
Српската пејачка Николија и нејзиниот сопруг Реља Поповиќ на 30-ти мај ја објавија песната „Баш ти се свиѓа“, која веќе собра речиси милион и половина прегледи, поради скандалозниот спот.
Во спотот има низа провокативни сцени и симулација на секс, па ова предизвика многу поделени коментари.
Оваа песна е всушност дел од новиот албум на Реља Поповиќ „Хотел Југославија“.
Спотот започнува со Реља кој ја соблекува долната облека, а потоа се појавува и неговата сопруга која го допира по интимните делови.
Поголемиот дел од спотот е сниман во бања, а популарниот пар речиси низ целиот спот симулира водење љубов, поради што многумина коментираат дека потсетува на сцени од филмот „50 нијанси сиво“.
За српските медиуми Реља за спотот вели:
„Јас би го опишал овој спот со два збора - доверба и слобода. Тоа се двете клучни работи поврзани со овој спот и со оваа песна, генерално со целиот проект.
Луѓето претпоставуваат дека сме го направиле намерно за да предизвикаме бура и дека долго сме го планирале, а всушност дојде многу спонтано.
Николија и јас веќе 6 години сме во потрага по дует и никогаш не се случуваше, бидејќи на едниот од нас не му се допаѓаше песната. Но, сега дојде мигот“.
Погледнете го скандалозниот спот:
С. С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





