Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Бев на концертот на Здравко Чолиќ, таква магија одамна не сум почувствувала - се ежев, се топев од емоции, ти благодарам легендо“

Одамна не сум доживеала нешто толку моќно како вчерашниот концерт на Здравко Чолиќ во Скопје. Тон емоции, пеење наизуст на сите песни, преполна сала на нозе... Парови во 20-ти танцуваат на неговите песни, бабички го снимаат цел концерт, жени на видео повик им се јавуваат на саканите за да гледаат... Буквално магија!

bev-na-koncertot-na-zdravko-cholikj-takva-magija-odamna-ne-sum-pochuvstvuvala-se-ezhev-se-topev-od-emocii-ti-blagodaram-legendaren-choveku-01.jpg

Вчера (02.06), сосема непланирано од еден од најголемите фанови на Здравко Чолиќ коj гo познавам, добив билети за првиот од неговите три најавени концерти во салата Борис Трајковски во Скопје.

Поради играта наречена живот оваа жена не успеа да биде таму. Жена која уште во средно училиште се фотографирала со Чолиќ, имала постер со реална големина во нејзината соба, растела со неговите стихови, се вљубувала на нив, некогаш и солзи ронела од нив.

Жена која наизуст ги знае стиховите од сите негови песни и која е еден од неговите најголеми фанови во Македонија, па и во регионот.

И има зошто!

Овој човек е жива легенда и вчера на свои 74 години уште еднаш го докажа тоа.

bev-na-koncertot-na-zdravko-cholikj-takva-magija-odamna-ne-sum-pochuvstvuvala-se-ezhev-se-topev-od-emocii-ti-blagodaram-legendaren-choveku-05.jpg

Пееше како во најдобрите денови од неговата кариера... Не лошо се изразив, тој сè уште ги живее своите најдобри музички денови.

Беше спектакуларен, беше легендарен.

bev-na-koncertot-na-zdravko-cholikj-takva-magija-odamna-ne-sum-pochuvstvuvala-se-ezhev-se-topev-od-emocii-ti-blagodaram-legendaren-choveku-02_1.jpg

Во партерот, пред сцената, долу имаше поставено столчиња, но од толкава еуфорија фановите на почетокот се истуркаа напред до сцената за да бидат што поблиску до својот идол, да го уловат совршениот кадар, но потоа редарите мораа да ги преземат работите во свои раце и да ги вратат назад за луѓето од прв ред да можат да гледаат.

Без воопшто да зборува, само со погледи и гестикулации тој на совршен начин комуницираше со публиката.

Преполната сала дишеше во еден ритам, сите станати на нозе играа на неговите хитови.

bev-na-koncertot-na-zdravko-cholikj-takva-magija-odamna-ne-sum-pochuvstvuvala-se-ezhev-se-topev-od-emocii-ti-blagodaram-legendaren-choveku-03.jpg

Со околу педесетина музичари на сцената, тој ни приреди концерт за каков со право се купуваат билети уште во декември и се исчекува мигот и се живее со еуфорија за истиот.

И сè што очекувавме добивме, па и многу повеќе.

Се потеше пред светлата на рефлекторите и од напорите дадени од петни жили, но не потклекна. Речиси 3 часа ни пееше од срце, шеташе по сцената, имаше насмевка и поглед за секој еден од публиката.

Вистински шармер. Жива легенда. Буквално си реков: „Среќна сум што живеам во времето на Здравко Чолиќ“.

bev-na-koncertot-na-zdravko-cholikj-takva-magija-odamna-ne-sum-pochuvstvuvala-se-ezhev-se-topev-od-emocii-ti-blagodaram-legendaren-choveku-02.jpg

Најголемата регионална музичка ѕвезда има магија во себе, има шарм, за него како времето да застанало.

Нè ежеше со „Kao moja mati“, „April u Beogradu“, „Sinoć nisi bila tu“, „Ti si mi u krvi“, па легендарната „Živiš u oblacima, mala“ од далечната 1977 година.

И овој човек е пејач за сите генерации. Зошто?

Затоа што пар пред мене, во своите 20-ти, танцуваше. Вљубени играа танго и пееја.

Затоа што госпоѓа во своите 70-ти која седеше во близина го сними целиот концерт со својот телефон со таква возбуда.

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Илузија“ – новата песна на ДААН што го истражува светот на емоциите, заблудите и потрагата по висти... Македонскиот музички артист, текстописец и продуцент Дарко Андонов – ДААН п...
„Пекол и рај“ е новата љубовна песна од Огнен Здравковски „Нешто ново од мене, сработено со многу љубов и посебна енергија. Слушнете ја пе...
Тон емоции: Словенечкиот претставник пееше за сопругата која го победи ракот - ја изнесе на сцената ... Иако претставникот на Словенија не се пласираше во финалето, тој ја приреди наје...
Тамара Тодевска со емоционална преработка на стариот евергрин со безвременско значење – „Време за пл... Некои песни се безвременски... Остануваат засекогаш, како сведоци на времето во ...
Здравко Чолиќ промовира емотивна балада, неколку дена пред трите концерти во Скопје Спој на емоции, носталгија и љубов, зачинети со сензибилитетот на Дино Мерлин, к...
Калиопи пред концертот во Скопје: „Ова ќе биде највеличенствениот концерт во мојата кариера” Започна одбројувањето на последните денови до големиот концерт на Калиопи во Ско...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg