Легато бенд со нова емотивна балада - „Со тебе засекогаш“ веќе станува химна на вљубените 

Љубовта, искрените емоции и животните ветувања добија своја музичка приказна во новата песна „Со тебе засекогаш“, најновиот проект на Легато Бенд од Струмица. Станува збор за моќна балада која за многу кратко време по објавувањето го привлече вниманието на публиката, а веќе се наметнува и како еден од омилените избори за првиот свадбен танц на младенците.

legato-bend-so-nova-emotivna-balada-so-tebe-zasekogash-vekje-stanuva-himna-na-vljubenite-01.JPG

Станува збор за композиција која ја слави љубовта, верноста и заедничкиот живот, а нејзината порака е пренесена преку искрени стихови и моќна мелодија која буди силни емоции уште при првото слушање.

За квалитетот на ова музичко остварување се погрижи добро познатото име на македонската сцена Јордан Митев, кој се потпишува како автор и продуцент на песната и видеото. Неговото долгогодишно искуство и препознатлив музички печат уште еднаш резултираа со проект кој носи силна емоција и автентична приказна. За визуелниот дел и постпродукцијата беше задолжен познатиот Zati, кој преку модерна и впечатлива продукција успеа да ја долови суштината на песната и љубовната порака што таа ја носи.

legato-bend-so-nova-emotivna-balada-so-tebe-zasekogash-vekje-stanuva-himna-na-vljubenite-02.JPG

Легато Бенд со години важи за еден од најангажираните и најбараните бендови во Македонија. Нивните настапи се препознатливи по врвната музичка изведба и непосредната комуникација со публиката, а зад себе имаат бројни фестивалски настапи и успешни музички проекти. Сепак, членовите на бендот не кријат дека токму „Со тебе засекогаш“ за нив претставува еден од најзначајните проекти реализирани досега. 

Текстот на песната е исполнет со искрени ветувања и љубовни завети, а рефренот ја носи централната порака за безусловна љубов, доверба и посветеност меѓу двајца луѓе. Токму затоа многумина веќе ја нарекуваат новата свадбена химна која ќе одекнува на бројни веселби и свадбени церемонии во периодот што следува.

legato-bend-so-nova-emotivna-balada-so-tebe-zasekogash-vekje-stanuva-himna-na-vljubenite-03.JPG

Инаку, покрај овој проект, Јордан Митев деновиве ја претстави и песната „Песна за Калуѓерица“, музичко дело со сосема поинаква тематика, инспирирано од животот на печалбарите и македонската дијаспора во Швајцарија. Со тоа уште еднаш потврди дека успешно создава музички приказни кои допираат до различни генерации и животни судбини.

Со „Со тебе засекогаш“, Легато Бенд испраќа јасна порака дека вистинската љубов никогаш не излегува од мода, а според првите реакции на публиката, оваа песна има сѐ што е потребно да стане еден од најслушаните љубовни хитови оваа година. 

Би можело да ве интересира:

Нова песна на Мијата - „Ти биди свој“ (видео) Нашата пејачка Наташа Мијатовиќ -или само Мијата, ја промовира песната „Ти биди ...
Светски музичари и балканска емоција: Огнен Здравковски со песна што се слуша „До неба“ Емоција, моќен вокал и песна што „влегува во уво“, што се вели, у...
Тиана Димова со нова песна и прв спот - Слушнете ја „Манијак“ (видео) Песната „Манијак“ на Тиана Димова е свеж, модерен и заразно певлив сингл кој веќ...
Јован Јованов и Елвир Мекиќ по 16 години повторно снимија заедничка песна - „Адреналин“ има преку 75... Откако пред 16 години ја раздвижија музичката сцена со нивната „Слаба точка“, Јо...
Нашата Тина Русева ја објави првата песна – „Своја“ ќе ви стане хит на прво слушање (видео) „Оваа песна е за сите што се свои, не се менуваат за другите и храбро го следат ...
Тамара ја објави „Кукла жива“ - Најлична песна во својата кариера „Ќе те кренат па те газат, од секој збор скандал прават...“ пее Тамара Тодевска ...

Најчитани неделава