„Бев на концертот на Здравко Чолиќ, таква магија одамна не сум почувствувала - се ежев, се топев од емоции, ти благодарам легендо“
Затоа што пред мене жена на видео повик во живо ѝ го пренесуваше концертот на својата мајка.
Затоа што средношколки до мене си снимаа видеа за ТикТок од концертот на безвременскиот Чола.
Затоа што сите пееја на сет глас, затоа што во себе чувствував толку многу емоции наеднаш што е тешко да се опише.
Придружните вокали на сцената беа совршени и неверојатно елегантни, тапанарот со суканици во косата беше навистина впечатлив и со последен атом енергија го издржа целиот концерт, музичарите беа неверојатно синхронизирани.
Уште еднаш ќе кажам Чолиќ е вистински господин, за кој не е ни чудо што олку години трае.
Да живее уште долго и да ни пее уште долго.
Нема што да кажеме освен човек со душа и совршен пејач, чии концерти би можеле да ги слушаме секој ден.
Чола е магија!
©CRNOBELO.com Забрането преземање и копирање. Крадењето на авторски текстови е казниво со закон.
Симона Симионова | Црнобело
Би можело да ве интересира:





