Виолета од Скопје живее во Флорида: „Бев готвач, па си отворив фирма за организација на домови и канцеларии - Мајами е рај за живот“
- Детали
- понеделник, 02 јуни 2025
„Син ми живееше долго време во Мајами. Потоа, целото семејство добивме иселеничка виза и се преселивме пред точно 7 години. Има многу можности за работа... Јас по професија сум готвач и работев во еден ексклузивен ресторан, но сега си отворив фирма“, ја започнува својата приказна Виолета Китанова од Скопје за CRNOBELO.com.
Виолета Китанова од Скопје веќе 7 години живее во Мајами, Флорида.
Таа е сопственик на фирма за организација на домови и канцеларии и вели дека ужива во животот таму.
Омилени работи ѝ се одењето на плажа и пријатната клима, а и се допаѓа што навистина има можности за работа.
За CRNOBELO.com споделува како оваа земја и станала дом и каков е животот таму:
„Син ми живееше долго време во Флорида, поточно во Мајами, но потоа целото семејство добивме иселеничка виза и се преселивме пред точно 7 години.
Во САД има многу можности за работа.
Јас по професија сум готвач и работев во еден прилично ексклузивен ресторан кога дојдов, па потоа работев со продажба на накит и фотографија.
Пред една година отворив фирма за одржување и организација на станови, канцеларии и куќи.
Живеам во центарот на градот, па има доста работа и имаме многу клиенти.
Во Мајами живеат доста Македонци, но повеќе има Срби.
Климата е одлична преку целата година, освен за време на сезоната на урагани – јуни, јули, август и септември.
Во тој период воздухот е влажен, има врнежи, иако досега не се случило да има ураган, но никогаш не се знае.
Што се однесува до другите месеци - цела година е сезона, топло е и има многу туристи од целиот свет.
Значи, на плажа може да се оди практично цела година.
Понекогаш температурата паѓа во јануари и февруари, но најмногу до 15°C и тоа трае една до две седмици.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





