Виолета од Скопје живее во Флорида: „Бев готвач, па си отворив фирма за организација на домови и канцеларии - Мајами е рај за живот“
Најмногу ми се допаѓа Мајами затоа што повеќе наликува на европските градови. Сите тука спортуваат и се хранат здраво.
Системот функционира одлично и ако си легално тука, ги имаш сите привилегии што се однесуваат на нормален живот.
Можеш да земеш кредит под поволни услови, исто така, ако користиш здравствено осигурување, здравството се плаќа минимално.
За време на пандемијата многу луѓе се преселија од Њујорк, па кириите значително се зголемија, исто така и продажбата на станови и куќи се дуплираше.
Многу луѓе се селат во Мајами од Калифорнија, бидејќи Флорида има помали даноци.
Со вас ќе споделам уште неколку интересни информации за Флорида, кои кружат во американските медиуми:
Како што споменав, по пандемијата, Мајами стана многу скап град - се доселија многу луѓе од Њујорк и кириите се зголемија двојно, исто така и цената за купување на станови и куќи порасна двојно.
Се депортираат сите што немаат документи.
Флорида по шести пат е прогласена за најпопуларна туристичка дестинација во Америка.
Плажата „South Beach“ на Флорида е прогласена за втора најпопуларна плажа во светот.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





