Ја деградира со невкусни фотографии, бакнува колешки: Џастин Бибер не престанува да ја срами Хејли
- Детали
- петок, 30 мај 2025
Периодов Џастин не престанува да ја срами својата сопруга која изгледа мизерно и покрај продажбата на брендот за една милијарда долари, но и нејзиното прво појавување на насловната на Vogue. Пејачот ѝ го критикува телото, ја потценува и исмејува, а прави сè, освен да ја поддржи.
Крајот на мај се покажа мошне добар за Хејли Бибер, барем на професионално поле.
Најпрво, од Vogue открија дека таа ќе ја краси насловната страница за летното издание на магазинот. Неделава, пак, Хејли потпиша договор за соработка со нејзиниот бренд за убавина Rhode вреден дури една милијарда долари.
Брендот на Хејли ќе се спои со друг бренд – e.l.f. Beauty – а таа ќе биде вклучена во соработката како креативен директор.
Но, наместо да слави, на последните папарацо фотки 28-годишниот модел делува дури мизерно, а фановите сметаат дека главниот виновник за ова е нејзиниот сопруг – Џастин Бибер.
Додека Џастин минува низ криза со менталното здравје, Хејли постојано е покрај него. Но, се чини дека младиот пејач не само што не ја поддржува саканата, туку и постојано ја срами во јавност.
Хејли прослави за успешната соработка со брендот со вечера во луксузен ресторан, но Џастин не присуствуваше.
Единствената јавна честитка што ја доби од него беше фотографија со која, според фановите, ја деградира Хејли. На Инстаграм Стори, пејачот сподели фотографија на која ја бакнува Хејли, но и ја држи за градите.
Иако Хејли е со широка насмевка, а и Џастин изгледа среќно, фановите коментираат дека фотката делува невкусно, особено кога ќе се земе предвид во кој контекст е објавена.
Веројатно бидејќи ги видел критиките, подоцна Џастин ја сподели објавата со која Хејли ја соопштува новата соработка. Но, не напиша никаков опис.
Претходно, кога Хејли откри дека ќе биде на насловната страница на Vogue, наместо да ја поддржи, Џастин ја навреди и се пофали дека ѝ рекол дека никогаш нема да биде во познатиот магазин.
Тој сподели фотографија од насловната страница, а во описот напиша:
„Ова ме потсети на голема караница што ја имавме со Хејли. Јас ѝ реков дека никогаш нема да биде на насловната страница на Vogue. Поради некоја причина се почувствував многу непочитувано. Мислев дека морам да се одмаздам.
Мислам дека како што созреваме, сфаќаме дека не правиме ништо ако се одмаздуваме. Реално, само пролонгираме, кога всушност сите само сакаме интимност и конекција.
Па, злато, веќе знаеш, но те молам прости ми што ти реков дека никогаш нема да бидеш на насловната на Vogue бидејќи очигледно сум погрешил“.
Иако на крај се извинува, фановите на Хејли истакнаа дека објавата е понижувачка:
„Џастин, не знам дали ова е начин да ѝ честиташ на жена ти“.
„Се надевам дека никогаш во животот нема да најдам ваква љубов“.
„Хејли, жал ми е“.
„Боже, спаси нè сите од сопруг како Џастин“.
Продолжува на следната страница...
Би можело да ве интересира:





