Ја деградира со невкусни фотографии, бакнува колешки: Џастин Бибер не престанува да ја срами Хејли
На крај, Џастин го избриша описот на објавата и остави само неколку емотикони.
Во меѓувреме, почна да се споделува постаро видео од парот, каде Џастин повторно ја навредува Хејли. Во видеото снимено во 2020-та, Џастин и Хејли седат во автомобил, а пејачот вели:
„Ако не беше толку згодна, одамна ќе се ослободев од тебе“.
Во интервјуто за Vogue, Хејли зборува за трудот што го вложува за да се врати во форма по породувањето. Па, откако почна да се споделува видеото, фановите сметаат дека Џастин сигурно ја има критикувано по породувањето.
„Џастин, неучтиво и одвратно е да ѝ го речеш тоа на својата сопруга. Ни ти не си нешто многу згоден“.
„Немам зборови. Ако маж ми го рече тоа, никогаш повеќе нема да ме види“.
Периодов Џастин ѝ приреди уште едно непријатно изненадување на Хејли. Пејачот се појави на концерт на пејачка SZA во Лос Анџелес за да ја изведат нивната заедничка песна Snooze.
И, додека неговото ненајавено појавување беше изненадување за фановите, поради однесувањето на сцена се соочи со критики. Имено, во еден миг, пејачката му го фаќа лицето на Џастин, по што тој почнува да ја бакнува на раката.
Таа му го свртува грбот и почнува да се движи кон предниот дел од сцената, но Џастин уште ја држи и ја бакнува.
По целата драма, фановите веќе ја молат Хејли да го остави Џастин, а наводно исти совети добива и од нејзините блиски.
Сепак, таа одбива да коментира за проблемите во бракот и уште му е најголема поддршка на Џастин, и покрај неговото лошо однесување, вклучително и кон неа.
Погледнете и: „Се измачува со него уште откако се венчаа“: Другарките ја молат Хејли Бибер да го остави Џастин
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





