Познати личности кои имаат милиони, но возат „обични“ автомобили
Даниел Редклиф – Fiat Grande Punto
И покрај огромниот успех што го стекна уште во тинејџерските години, Даниел сепак останал скромен. Актерот вози Fiat Grande Punto и има изјавено дека го одбрал овој модел бидејќи се грижел за околината и загадувањето.
Клинт Иствуд – GMC Typhoon
Во едно интервју, познатиот актер откри дека вози GMC Typhoon.
Конан Обрајан – Ford Taurus
Конан го има овој автомобил уште пред да стане познат, а го вози и денес.
Кристијан Бејл – Toyota Tacoma
Можеби на екран Кристијан вози „бетмобил“, но во реалноста сосема доволно му е автомобилот Toyota Tacoma. Актерот го користи ова возило повеќе од 17 години.
Леброн Џејмс – Jeep Wrangler
Американскиот кошаркар со години е забележуван како го вози портокаловиот Jeep Wangler.
Бруно Марс – Cadillac Allanté
Знаевте ли дека автомобилот во спотот за песната „24K Magic“ е всушност автомобилот на пејачот?
Актерот се вљубил во моделот за време на снимањето, па решил да го купи.
Леонардо ди Каприо – Toyota Prius
Леонардо се залага за заштита на околината, а тоа го покажува и со автомобилот што го вози.
Актерот верува дека Холивуд треба да се ослободи од луксузните автомобили и лимузини кои само загадуваат.
Марк Волберг – Toyota Sienna Minivan
Актерот, додека гостуваше во шоуто на Елен, изјави дека неговите деца го сакале автомобилот, но никако не можел да ја натера сопругата да влезе во него.
Спирова С. | Црнобело