По разводот, Брајан Остин Грин ја брани бившата Меган Фокс и нејзиното ново момче

И покрај тоа што романсата на Меган Фокс и Машин Ган Кели најверојатно започнала додека таа била во брак со Брајан Остин Грин, тој не кажува лош збор за неа, туку ја брани. Инаку, излегоа фотки како Меган се бакнува со Машин Ган Кели.

po-razvodot-brajan-ostin-grin-ja-brani-bivshata-megan-foks-i-nejzinoto-novo-momche-001.fw.jpg

Брајан Остин Грин (46) беше фотографиран како се шета со американската старлета Кортни Студен (25), еден месец откако потврди дека тој и актерката Меган Фокс се разведуваат.

Инаку, Кортни стана позната кога на 16 години се венча со 50-годишниот актер Даг Хучинсон, но годинава таа се разведе од него.

Дали станува збор за врска или само за пријателство, останува да видиме.

po-razvodot-brajan-ostin-grin-ja-brani-bivshata-megan-foks-i-nejzinoto-novo-momche-05.jpg

За Брајан и Меган кружеа гласини дека бракот им пукнал поради наводното неверство на Меган со раперот Машин Ган Кели, во чиј спот неодамна се појави Меган и глумеа љубовници.

po-razvodot-brajan-ostin-grin-ja-brani-bivshata-megan-foks-i-nejzinoto-novo-momche-06.jpg

Таа со месеци била на снимање на филм со Кели и разделбата со сопругот Брајан дошла по враќањето во семејниот дом во Калифорнија.

po-razvodot-brajan-ostin-grin-ja-brani-bivshata-megan-foks-i-nejzinoto-novo-momche-07.jpg

Меган му кажала на Брајан: „Сфатив дека додека бев надвор од земјата и работев сама се чувствував подобро во врска со себе“. Тој бил шокиран од нејзиниот заклучок, но и среќен што е искрена со него.

Парот има 3 деца заедно. Тие се разделија по 10 години брак.

Инаку, Брајан во медиумите ги брани Меган и Машин Кели, тој вели дека не сака да бидат напаѓани и етикетирани.

Папарацо фотки потврдија дека Меган и Машин Ган Кели и официјално се во врска:

po-razvodot-brajan-ostin-grin-ja-brani-bivshata-megan-foks-i-nejzinoto-novo-momche-03.jpg

po-razvodot-brajan-ostin-grin-ja-brani-bivshata-megan-foks-i-nejzinoto-novo-momche-02.jpg

po-razvodot-brajan-ostin-grin-ja-brani-bivshata-megan-foks-i-nejzinoto-novo-momche-01.jpg

po-razvodot-brajan-ostin-grin-ja-brani-bivshata-megan-foks-i-nejzinoto-novo-momche-03.jpg

„Никој од нас не стори ништо еден на друг. Таа отсекогаш беше искрена со мене и јас бев искрен со неа. Имавме прекрасна врска и секогаш ќе ја сакам и знам дека и таа ќе ме сака мене.

И кога станува збор за семејството заедно изградивме нешто навистина кул и навистина специјално.

po-razvodot-brajan-ostin-grin-ja-brani-bivshata-megan-foks-i-nejzinoto-novo-momche-04.jpg

Таа го запозна Машин Ган Кели на филмски сет... Јас никогаш не сум го сретнал, но со Меган разговаравме за него. Од тоа што таа ми го кажа тој е навистина фино момче. Таа секогаш добро ги проценува луѓето. Јас ѝ верувам на проценката. Не сакам луѓето да ги напаѓаат и да мислат дека јас сум жртва на каков било начин. Затоа што не е така.

Ова не е нешто ново за нас, ова е нешто ново за луѓето кои сега дознаа од медиумите. Не сакам никој да биде напаѓан во оваа ситуација.“

На следната страна дел од нивните најубави заеднички фотки...



Би можело да ве интересира:

Меган Фокс со Машин Ган Кели во Грција на одмор - не можат да се наситат еден на друг (фото) Уште еден доказ дека Грција е замислата за совршен одмор за холивудските ѕвезди....
Брајан Остин Грин шета со синовите, едниот бос со женска облека - додека Меган Фокс си ја слави сврш... Откако Меган Фокс и Машин Ган Кели јавно ја објавија свршувачката, нејзиниот пор...
Живее под кирија, а пазари храна со купони - Како Меган Фокс ги троши милионите? Меган Фокс и Машин Ган Кели живеат под кирија, а познато е дека актерката обожав...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg