Прстен од 176.000 евра, дедото ќе ја плаќа свадбата: Детали од свршувачката на Бруклин Бекам

Целото семејство Бекам било присутно на запросувањето, а ќе има две свадби. Бруклин Бекам вели: „Ја прашав мојата сродна душа да се омажи за мене и таа кажа „да“. Јас сум најсреќниот човек на светот.“

prsten-od-176-000-evra-dedoto-kje-ja-plakja-svadbata-detali-od-svrshuvachkata-na-bruklin-bekam-01.jpg

Бруклин Бекам неодамна ја објави веста за свршувачка со актерката Никола Пелц, а фановите се воодушевени за среќниот пар.

Парот објави прекрасна фотка на социјалните мрежи и 25-годишната Пелц откри дека фотографијата ја направила Харпер Бекам, малата сестра на Бруклин.

Но, потоа на Инстаграм Стори Пелц објави уште една фотографија од денот на запросувањето и откри дека таа е дело на Викторија Бекам.

prsten-od-176-000-evra-dedoto-kje-ja-plakja-svadbata-detali-od-svrshuvachkata-na-bruklin-bekam-07.jpg

Очигледно целото семејство Бекам било присутно во мигот кога Бруклин (21) ѝ го поставил прашањето на својата сакaна.

Инаку Бруклин во описот на фотката од запросувањето напиша:

„Пред две седмици ја прашав мојата сродна душа да се омажи за мене и таа кажа „да“. Јас сум најсреќниот човек на светот. Ветувам дека ќе бидам најдобриот сопруг и најдобриот татко еден ден. Те сакам мила.“

Дијамантскиот свршенички прстен кој ѝ го дал чини околу 176.000 евра. Бруклин на Инстаграм Стори сподели фотка како Пелц го милува миленикот и во прв план доаѓа до израз прстенот.

prsten-od-176-000-evra-dedoto-kje-ja-plakja-svadbata-detali-od-svrshuvachkata-na-bruklin-bekam-04.jpg

Ова дефинитивно е месец за славење кај Бекамови, затоа што Викторија и Дејвид на 4-ти јули прославија 21 година брак.

Во британските медиуми излезе информација дека се подготвува милионска прослава која ќе ја плаќа таткото на Никола Плец, 78-годишниот милијардер Нелсон Пелц, но дека и Бекамови сакале да дадат свој придонес на церемонијата.

Нелсон е бизнис тајкун со огромно богатство, два приватни авиона и вили кои се вистински луксуз и раскош во споредба со оние на Бекамови.

prsten-od-176-000-evra-dedoto-kje-ja-plakja-svadbata-detali-od-svrshuvachkata-na-bruklin-bekam-03.jpg

Парот наводно ќе потпише и предбрачен договор, а свадбени прослави ќе има и во Велика Британија и на Флорида наредното лето.

Бруклин отсекогаш се воодушевувал на долгиот брак на своите родители, како и на баба и дедо, па блиските не ги изненадила одлуката да се ожени толку млад.

Дејвид и Викторија биле воодушевени од Никола затоа што од самиот почеток сметале дека Бруклин конечно пронашол девојка која не е со него поради слава и пари.

На следната страна фотки од парот и убавата Пелц...



Би можело да ве интересира:

Колку се лоши рецептите на Бруклин Бекам (кој пробува да стане готвач откако не успеа како фотограф)... „Неговиот рецепт за правење тост во тостер ми го промени животот“, гласи саркаст...
Бруклин Бекам прозборе за семејната драма, откако се посрамоти на голф натпревар: „Имам прекрасна со... По голф натпревар на кој беше критикуван дека „нема никаков талент“, Бруклин Бек...
Детали за врската на Бруклин Бекам што заврши катастрофално: Ги разделуваше обезбедување, и таа ги м... Кратко пред да ја почне врската со Никола Пелц, Бруклин Бекам раскина 9-месечна ...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Бруклин Бекам на старо видео ја влече Никола Пелц за да се слика со Бекамови: „Таа е гневна, пробува... Во видео од 2023-та, направено на премиерата на Нетфликс документарецот на Бекам...
Бруклин Бекам ладно ги изигнорира роденденските честитки од родителите: „Подготвени се да стават кра... „Не се само Викторија и Дејвид, и неговите три тетки исто така споделија објави ...

Најчитани неделава