Тој со месеци не доаѓал дома, а таа му простила неверство – љубовната приказна на Џеки Чен и сопругата Џоан Лин

Проблеми во бракот

Отако се породи, Џоан се откажа од актерската кариера и реши целосно да им се посвети на Џеки и синот. Но, парот ретко излегуваше заедно.

После венчавката се случи трагичен настан поради кој Џеки и Џоан избегнуваа да се појават заедно во јавност. Имено, две обожавателки на актерот извршиле самоубиство откако дознале дека тој повеќе не е сингл.

Бидејќи ангажманите на Џеки стануваа сè почести, тој почнал да се оддалечува од семејството. Снимал филмови низ целиот свет и некогаш се случувало да не го види семејството со месеци. Целиот овој период, Џоан била таа која се грижела за нивното дете.

И покрај тоа што заработуваше многу, Џеки им испраќал пари на сопругата и синот само колку да ги покријат основните трошоци. Истовремено, некои негови пријатели му зборувале лоши работи за Џоан, па неговата верба во сопругата се разнишала. Тој дури почнал да се сомнева дека таа е со него поради парите.

Џоан, пак, не се жалела за ништо и продолжувала да се грижи за синот и да му верува на сопругот.

toj-so-meseci-ne-doagjal-doma-a-taa-mu-prostila-neverstvo-ljubovnata-prikazna-na-dzheki-chen-i-soprugata-dzhoan-lin-05.jpg

Неверството на Џеки

И покрај тоа што имал совршена сопруга, Џеки ја изневери. Во 1998 светските медиуми почнаа да пишуваат за неговата афера со една актерка, која дури и му роди ќерка. Тогаш актерот сфатил дека на неговиот брак му се ближи крајот.

Но, Џоан уште еднаш покажала дека е неверојатна личност – наместо да го остави, му понудила помош па дури и го бранеше пред јавноста. Кога Џеки ја прашал зошто го прави тоа, таа му кажала дека не сака да го повреди, бидејќи тогаш ќе страда и таа. Во тој момент, актерот почнал да плаче и сфатил дека покрај него има вистински ангел.

toj-so-meseci-ne-doagjal-doma-a-taa-mu-prostila-neverstvo-ljubovnata-prikazna-na-dzheki-chen-i-soprugata-dzhoan-lin-06.jpg

Нов почетокот

Актерот снимал во друга држава кога се расчуло за неверството, па побарал прошка од Џоан и се вратил дома. Првпат после 15 години брак, решил да ѝ го посвети вниманието што го заслужува. Актерот изјави дека дури тогаш му станало јасно дека има сè што му е потребно и тој самиот бегал од неговата среќа.

Оттогаш до денес, во животот на Џеки има само една жена – сопругата Џоан Лин.

toj-so-meseci-ne-doagjal-doma-a-taa-mu-prostila-neverstvo-ljubovnata-prikazna-na-dzheki-chen-i-soprugata-dzhoan-lin-07.jpg

Спирова С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
10 светски ѕвезди кои биле во врска и со мажи и со жени Некои од најголемите светски ѕвезди не кријат дека ги привлекуваат и двата пола,...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Скандалозниот љубовен живот на Џоан Колинс: Првиот сопруг ја силувал, од петтиот е постара 31 година „Сите поранешни сопрузи беа со мене за пари. Единствено третиот не се збогати на...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg