„Зошто сум бесна што Џеј Ло се сликаше комплетно гола?“

„Замислете како се чувствува една „обична“ жена која е истоштена од обврските во домот и грижата за семејството и финансиите кога ги гледа фотките на Џеј Ло. Дури и во најдобрата облека и со најдобрата шминка таа уште не се чувствува доволно добро. Јас знам колку е болно тоа...“

zoshto-sum-besna-shto-djej-lo-se-slikashe-kompletno-gola-1.jpg

Улрика Џонсон е 53-годишна ТВ презентерка и мајка на 4 деца. Таа постојано објавува фотографии без шминка и филтер на својот Инстаграм профил и искрено го прикажува стареењето.

По фотографиите каде Џеј Ло позира гола на 51 година и изгледа неверојатно, кои ги „бомбардираа“ медиумите низ светот, Џонсон кажа дека не може да издржи повеќе да биде константно „бомбардирана“ со фотографии од познати личности кои ги прикажуваат своите совршени тела.

Нејзината искрена исповед беше објавена во магазинот The Sun:

„Пред некој ден си плачев во себе откако ги видов фотографиите од Џенифер Анистон, која има 51 година, како трча во некој парк во САД.

zoshto-sum-besna-zatoa-shto-djej-lo-se-slikashe-kompletno-gola-04.jpg

Но, обрнете внимание на ова, таа е само ДВЕ години помлада од мене, но нејзиното тело е подобро од што беше моето на 27.

Таа е тонирана, мускулеста, но женствена и таму нема вишок кожа, целулит или знаци на стареење.

zoshto-sum-besna-zatoa-shto-djej-lo-se-slikashe-kompletno-gola-02.jpg

Да не ни почнувам со нејзиното лице, тоа остана исто во последните две децении. Изгледа заносно.

Кога видов фотографија од неа како практикува јога за да рекламира одреден пијалак се почувствував како сета самодоверба да беше исцицана од мене. Буквално чувствував како тонам.

zoshto-sum-besna-zatoa-shto-djej-lo-se-slikashe-kompletno-gola-02_1.jpg

Живееме во доба на славните во која сѐ се врти околу сликата. Сѐ се поврзува со изгледот.

Вчера, доживеав уште еден удар кога Џеј Ло, која исто така има 51 година, беше фотографирана гола, сјајна, тонирана, женствена, цврста и моето чувство на безначајност беше доведено на највисоко ниво.

Таа изгледа божествено на фотографиите.

Се почувствував заплашено.

zoshto-sum-besna-zatoa-shto-djej-lo-se-slikashe-kompletno-gola-07.jpg

Свесна сум дека овие жени имаат лични тренери, стилисти, готвачи, персонал, а да не споменувам Фотошоп. Ги фотографираат најдобрите и не дозволуваат ништо да помине без соодветен филтер.

Се разбира, и јас да имав пристап до сето тоа можеби ќе видевте една поинаква Улрика Џонсон на социјалните мрежи.

Но, ова прикажување на совршенство, верувам дека прави вистинска штета.

Доволно е лошо што една стара и збрчкана жена како мене се чувствува заплашено и безвредно, но загрижена сум за ефектот врз сите жени, млади и постари, познати и „обични“.

Продолжува на следната страна...



Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Лудата врска на Џеј Ло и Пи Диди: Ја уапсија заради него, исчезнувал и го барала по хотелски соби Заради него Џеј Ло беше уапсена, но му прости и му беше поддршка, тој ѝ помогна ...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
Не дозволува стјуардеси во авионите, го контролира што јаде, па тој се крие со бургери – Како Џеј Ло... Џеј Ло има строги правила за Бен. Тој не смее да претерува со крофните и бургери...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...
Најзгодниот пар доби дете: Дејвид Гета сподели фотка со синчето и 24 години помладата девојка Кон крајот на минатата година, среде шпекулациите дека се разделиле, Дејвид Гета...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg