„Зошто сум бесна што Џеј Ло се сликаше комплетно гола?“

zoshto-sum-besna-zatoa-shto-djej-lo-se-slikashe-kompletno-gola-06.jpg

Како мајка на 4 деца, од кои две се девојки на 16 и 20-годишна возраст, искрено сум загрижена за ефектот на овие фотографии врз самодовербата.

Моите ќерки можеби се преправаат пред мене дека се свесни за филтрите и за тоа дека овие фотографии се далеку од реалноста, но исто така знам дека длабоко во себе тие ќе погледнат во огледалото или во некое свое селфи и ќе се чувствуваат непривлечно.

Токсично е да се има профили на социјалните мрежи денес. Ги гледаме тие совршени тела секојдневно и се чувствуваме ужасно.

Замислете како се чувствува една „обична“ жена која работи или не, која е мајка или не, во менопауза или физички истоштена од обврските во домот и грижата за семејството и финансиите. Дури и во најдобрата облека и со најдобрата шминка таа уште не се чувствува доволно добро. Јас знам колку е болно тоа.

Јас имам Инстаграм профил кој ми дозволува контрола врз тоа како светот ме гледа и направив стратегија тоа да биде во сосема природно издание и да се покажам таква каква што сум.

Не користам филтер и во поголем дел од времето дефнитивно изгледам постаро од што навистина сум, односно од моите 53 години.

Преку ден не носам шминка, ми здодеа по години минати со тешка шминка на ТВ и сметам дека тоа робување на совршенството мора да престане.

zoshto-sum-besna-zatoa-shto-djej-lo-se-slikashe-kompletno-gola-05.jpg

Мора да признаам на моменти сум несигурна поради тоа и се плашам дека ќе загубам работни ангажмани, но длабоко во себе знам дека треба да бидам искрена кон себе. Ова сум јас. Ова се 53.

Креирањето нереалистични очекувања прави толку многу штета. Па што ако не сум фитнес фанатик, што ако не сум тонирана и не изгледам свежо? Што ако мојата кожа не сјае?

zoshto-sum-besna-zatoa-shto-djej-lo-se-slikashe-kompletno-gola-03.jpg

Кога ги гледав фотографиите на Џенифер Анистон се прашував кои се моите изговори за да не изгледам така и потоа ми дојде на ум дека имам други работи во животот кои ми се приоритет. Дека направив избор да не си ставам притисок на себе.

Но, потоа кога ги видов и фотографиите на Џеј Ло толку сензационална, почувствував вина што изедов пакетче чипс, но пронајдов утеха во тоа што се сетив дека и други жени ќе се чувствуваат најверојатно исто како мене.“

С. С. | Црнобело



Би можело да ве интересира:

Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
Лудата врска на Џеј Ло и Пи Диди: Ја уапсија заради него, исчезнувал и го барала по хотелски соби Заради него Џеј Ло беше уапсена, но му прости и му беше поддршка, тој ѝ помогна ...
Тврди дека го посрамотиле – Зошто Џеки Чен нема да му го остави наследството на синот и не сака да ј... „Ако е способен сам ќе си заработи пари, ако не е, само ќе ги потроши моите“ – с...
Не дозволува стјуардеси во авионите, го контролира што јаде, па тој се крие со бургери – Како Џеј Ло... Џеј Ло има строги правила за Бен. Тој не смее да претерува со крофните и бургери...
Рајан Рејнолдс му ја исполни желбата на обожавател кој умира од рак: „Моето семејство ќе се сеќава н... „Ми стоеше кнедла во грлото додека се дружевме. Размислував како ќе се чувствува...
7 познати парови кои се венчаа откако раскинаа Бен Афлек и Џеј Ло беа свршени во раните 2000-ти, раскинаа, а се смирија и венча...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg