Криси Тајген критикувана – се бања гола со децата: „Големи се за да ја гледаат гола мајка им“

„Ниту едно дете на оваа возраст не сака да се бања со голата мајка до себе“, „Никој не сака да те гледа гола во када со твоите деца“ – Криси Тајген критикувана откако објави низа фотки меѓу кои и една на која таа е топлес со трите деца во полна када.

krisi-tajgen-kritikuvana-se-banja-gola-so-decata-decata-se-golemi-za-da-ja-gledaat-gola-majka-im-01_copy.jpg

Криси Тајген отсекогаш сака да ја бранува јавноста со споделување на необични моменти од секојдневието или сурови ставови.

Честопати е мета на критики и позната е по тоа што никогаш не премолчува и дрско им одговара на коментарите на следбениците.

Овој пат предизвика низа реакции откако објави албум со неколку неповрзани фотографии и видеа од нејзиниот живот периодов и семејни моменти со нејзините четири деца – Врен Александер (18 месеци), Ести Максин (2), Мајлс Теодор (6) и Луна Симон (8).

krisi-tajgen-kritikuvana-se-banja-gola-so-decata-decata-se-golemi-za-da-ja-gledaat-gola-majka-im-02.jpg

Помеѓу моментите на кои се гледаат нејзините козметички третмани, игрите со децата низ дома, како и професионални ангажмани, таа објави и еден интимен момент.

Насловната фотографија е од неа, гола, со три од децата во када, каде прават купка со кокосово млеко.

Иако голем дел не гледаат ништо лошо во тоа мајката да се бања топлес со своите деца, или пак се фокусираа на позитивни коментари за останатите семејни моменти, повеќето ја искритикуваа дека децата веќе се пораснати за да седат со нивната мајка гола во када, но и што воопшто има потреба да го сподели тоа со јавноста.

Дел од коментарите на објавата гласат:

„Ниту едно дете на оваа возраст не сака да се бања со голата мајка до себе“.

„Никој не сака да те гледа гола во када со твоите деца“.

„Момчињата се големи за да се во када со тебе, не е соодветно“.

„И децата заслужуваат приватност“.

„Фотографијата од када е чудна и непотребна да се сподели“.

„Ова е момент што треба да се чува во приватност... голи деца и гола возрасна личност заедно во када, треба да е последното нешто што некој ќе помисли да го стави на интернет, независно колку е невина намерата“.

krisi-tajgen-kritikuvana-se-banja-gola-so-decata-decata-se-golemi-za-da-ja-gledaat-gola-majka-im-.jpgпостара фотографија од Криси во купка со кокосово млеко

Освен за голотијата, Криси доби дури и коментари за тоа дека секогаш водата во када ѝ е валкана, на што таа дрско одговори:

„Ова е купка со кокосово млеко за чувствителна кожа, ама гледај си ја твојата работа!“

Погледнете уште неколку фотки од најновата објава на Криси:

krisi-tajgen-kritikuvana-se-banja-gola-so-decata-decata-se-golemi-za-da-ja-gledaat-gola-majka-im-02_1.jpg

krisi-tajgen-kritikuvana-se-banja-gola-so-decata-decata-se-golemi-za-da-ja-gledaat-gola-majka-im-03.jpg

krisi-tajgen-kritikuvana-se-banja-gola-so-decata-decata-se-golemi-za-da-ja-gledaat-gola-majka-im-04.jpg

krisi-tajgen-kritikuvana-se-banja-gola-so-decata-decata-se-golemi-za-da-ja-gledaat-gola-majka-im-05.jpg

Screenshot_2025-02-10_083000.jpg

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ја нарекувале „најгрдото дете“, помина 2 недели во затвор: Факти за Софија Лорен (што не сте ги знае... Мајката на Софија Лорен била толку сиромашна, што извесен период живееле под мос...
Лудата приказна на жена која тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус: „Ја родив на 12 години“ Жена од Аризона тврди дека е биолошката мајка на Мајли Сајрус, па дури и ја моли...
Се прослави покрај Џорџ Клуни, ја остави глумата за да биде со децата - Како Ноа Вајл се врати на го... Беше еден од милениците на Холивуд во 1990-тите, кога глумеше во серијата E.R по...
Побарал помош кога се разбудил во локва крв, се дрогирал со лепило на 11 години – бруталното минато ... Том Харди почнал да експериментира со дрога на само 11-годишна возраст, а веќе д...

Најчитани неделава