Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк
Бариста 07-05-2024


„Срам да ви е за секој коментар кој не е поддршка“ – Тијана Дапчевиќ со моќен статус за Србинката што обелодени силување

Балканот е згрозен од веста за Мика Алексиќ, професор по глума кој ја злоупотребил својата позиција и силувал или сексуално малтретирал повеќе девојчиња, меѓу кои прва проговори актерката Милена Радуловиќ. Но, за жал, сѐ уште постојат исклучоци, поединци кои ја напаѓаат жртвата, а не силувачот. Тијана Дапчевиќ упати моќна порака до нив „Срам да ви е за секој коментар на оваа тема кој не е поддршка, туку замолчување на жртвата. Молчењето не е злато. Никогаш не ни било. Сите тишини еден ден стануваат вресок.“

sram-da-vi-e-za-sekoj-komentar-koj-ne-e-poddrshka-tijana-dapchevikj-so-mokjen-status-za-srbinkata-shto-obelodeni-siluvanje-01.jpgФото лево: Тијана Дапчевиќ / Фото десно: Милена Радуловиќ (фотограф Атена Ника)

Под хаштагот #NisiSama многу познати личности ѝ дадоа поддршка на српската актерка Милена Радуловиќ, која собра храброст и го пријави во полиција професорот по глума Мика Алексиќ, кој сексуално ја злоставувал кога имала 17 години. По неа и низа други девојки го пријавија овој суров предатор и поведена е судска постапка.

Целиот регион говори на темата и како никогаш досега се испраќа порака за жртвите на злоставување јавно да говорат и дека никогаш апсолутно никогаш не е виновна жртвата, туку само злоставувачот и тоа не смее да мине неказнето.

sram-da-vi-e-za-sekoj-komentar-koj-ne-e-poddrshka-tijana-dapchevikj-so-mokjen-status-za-srbinkata-shto-obelodeni-siluvanje-02.jpg

Тијана Дапчевиќ на својот Инстаграм профил ѝ даде поддршка на Милена и упати моќна порака до сите кои имаат дилеми околу тоа што оваа девојка со години молчела:

„Зошто дури сега проговори?!

Не знам, можеби затоа што и понатаму има дел од вас кои постојано повторуваат дека жртвите на силувачот и педофилот самите си го барале, дека сигурно некако со нешто провоцирале, дека самите се криви … и многу често имате потреба да правдате непростливи работи. Зошто?

„Ако молчела досега, можела да продолжи да молчи засекогаш.“

Како секогаш доаѓаме до тоа дека за сè треба да се молчи? Како вам не ви е доста од молчење? За малите и големите работи, за онаа планина која ја направивте под тепихот ставајќи ги сите проблеми таму, за насилството и злоставувањето?

А можеби и не молчела, туку налетувала на луѓе кои се глуви за нејзината мајка, баш така како и вие.

„Сигурно измислила сè затоа што ѝ пропаднала кариерата, затоа што ѝ треба некоја улога.“

Па да, полесно е да се поверува дека некој ја измислил својата тага, отколку дека едвај, конечно, по толку време, собрал сила повторно да го проживее тоа објаснувајќи го секој детаљ и одговарајќи на којзнае колку прашања за време на поднесувањето на пријава …

Срам да ви е за секој коментар на оваа тема кој не е поддршка, туку замолчување на жртвата.

Молчењето не е злато.
Никогаш не ни било.
Сите тишини еден ден стануваат вресок.

за Милена Радуловиќ

View this post on Instagram

A post shared by Tijana Dapčević (@tijana.dapcevic)

Moќно обраќање на темата имаше и презентерката Јелена Обучина на вести во Србија, а видеото со молк на почетокот ја ежи кожата и освестува:

На следната страна Инстаграм фотографии од храбрата Милена Радуловиќ...



Би можело да ве интересира:

Фото споредби што ќе ве изненадат: Како изгледаат познатите дами во профил? Сте виделе ли како изгледаат Блејк Лајвли и Бела Хадид во профил? Сте виделе ...
„Не ме тераше да имаме секс кога имав 14 години“: Присила Присли се отвори за контроверзната врска с... „Никогаш немав секс со него (на 14 години). Тој беше многу добар, многу нежен, м...
Ја запознал на 17 години, ја запросил додека летале со балон: Љубовната приказна на Новак и Јелена Ѓ... „Нашите состаноци беа научна фантастика. Јас бев студент кој едвај можеше да си ...
„Се немам избричено со години“: Убавата ќерка на Мајкл Џексон гордо ги покажува влакната под пазувит... Со години, Парис Џексон, ќерката на Мајкл Џексон, „се бори“ против нереалните ст...
Скиентолог е, црквата му помагала да ги прикрие силувањата – Што знаеме за ѕвездата од That ’70s Sho... Се прослави со серијата That ’70s Show, цел живот е скиентолог, а сега сосема во...
„Не сум совршена, но горда сум со себе“ – Селена Гомез искрена за промените на нејзиното тело, им од... „Нереално е да очекувате телото на нормалната жена да не се промени... Сфатив де...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg