„Се немам избричено со години“: Убавата ќерка на Мајкл Џексон гордо ги покажува влакната под пазувите

Со години, Парис Џексон, ќерката на Мајкл Џексон, „се бори“ против нереалните стандарди за убавина и одбива да ги бричи пазувите. Таа вели и дека доста често не ги бричи нозете. Младата девојка често е критикувана за ова, а сега реши да им возврати на критичарите.

se-nemam-izbricheno-so-godini-ubavata-kjerka-na-majkl-dzhekson-gordo-gi-pokazhuva-vlaknata-pod-pazuvite-001.jpg

Парис Џексон, ќерката на добропознатиот Мајкл Џексон, одамна одбива да ги следи стандардите за убавина и не сака да ги бричи пазувите.

Сепак, 25-годишната убавица некогаш се соочува и со критики, а сега реши да им одговори на критичарите.

Во вторникот (29.08), Парис сподели видео на Инстаграм по повод 65-тиот роденден на нејзиниот починат татко.

Во еден миг, додека зборува во видеото, таа си ја собира косата во опавче, поради што ѝ се гледаат влакната под пазувите.

Во коментари, многу следбеници ја нападнаа:

„Бричењето на пазувите е хигиена“.

„Избричи си ги пазувите“.

„Го сними цело ова видео само за да покажеш дека не си ги бричеш пазувите“, се дел од негативните коментари.

По ова, Парис напиша твит којшто го сподели и на Инстаграм Стори:

„Не си ја собирав косата за да ги покажам влакната под пазувите. Се немам избричено со години и веќе заборавам дека имам влакна… Си ја собирав косата за да ви ја покажам мојата остра вилица“.

Ова не е првпат убавата ќерка на Мајкл Џексон да биде соочена со критики поради влакната.

Пред неколку години таа присуствуваше на доделувањето на MTV Music Video Awards, каде што беше фотографирана со небричени пазуви.

se-nemam-izbricheno-so-godini-ubavata-kjerka-na-majkl-dzhekson-gordo-gi-pokazhuva-vlaknata-pod-pazuvite-02.jpg

Како одговор на критиките за овие фотки, таа сподели фотка на Инстаграм Стори со крената рака:

„Не ми беше јасно дека луѓето ќе бидат толку разочарани за моите влакна. Не сфатив дека ова било толкав проблем. Смешно е.

Луѓето се луди. Посакувам да можев да споделам некои од коментарите. Можете да познаете колку гневни се луѓето.

Ги сакам влакната, и потењето. Некои мислат дека ова е одвратно, особено кај женски, но ова е нешто што го има на секое човечко тело. Природно е“.

Истиот период, Парис откри и дека некогаш го прескокнува бричењето на нозете.

Всушност, низ годините, таа има споделено неколку фотки на кои ѝ се гледаат влакнестите нозе, но поради критиките, одлучи да ја забрани опцијата за коментирање на овие објави.

Парис често зборува за стандардите за убавина кои смета дека се нереални и вели дека сака што не е совршена:

„Не сум симетрична, не сум многу слаба, јадам бургери и многу пица. Не ме собира во облека што ја носат супермодели, имам лузни и стрии и акни и имам целулит. Јас сум човек, а не кукла.

Мислењето дека сите треба да исполнуваме некој ист стандард за убавина е смешен, бидејќи ’совршеноста‘ е само мислење“, изјави таа во интервју.

Повеќе фотки од Парис на следната страница...



Би можело да ве интересира:

„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
Ева Лонгорија за одлуката да стане мајка во 40-тите: „Имав многу повеќе мудрост и трпение, благодарн... „Бев благословена што добив дете подоцна во животот бидејќи патував многу и напр...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава