Ја запознал на 17 години, ја запросил додека летале со балон: Љубовната приказна на Новак и Јелена Ѓоковиќ

„Нашите состаноци беа научна фантастика. Јас бев студент кој едвај можеше да си дозволи да студира во странство, а тој беше тенисер кој исто така немаше пари да финансира скапо патување“, раскажува Јелена Ѓоковиќ за почетоците на врската со Новак кога таа студирала во Милано. Како почнала љубовта на познатиот пар?

imal-17-godini-koga-se-zapoznale-denes-vazat-za-eden-od-najharmonicnite-parovi-kako-zapocna-ljubovnata-prikazna-na-novak-i-jlena-gjokovik001.jpg

Кога имал 17 години, Новак ја сретнал љубовта на својот живот, сопругата Јелена Ѓоковиќ, со која денес важат за еден од најхармоничните парови.

Јелена, тогаш Ристиќ, учела во истото училиште како и Новак, а љубовната приказна започнува во 2005 година. Новак тогаш решил професионално да се занимава со тенис додека.

Јелена се запишала на студии во Милано, а во тој период Новак честопати сакал да ја изненади, па ја посетувал. Уште од тогаш ѝ покажувал голема поддршка седејќи во последниот ред на амфитеатарот додека таа ги полагала испитите.

imal-17-godini-koga-se-zapoznale-denes-vazat-za-eden-od-najharmonicnite-parovi-kako-zapocna-ljubovnata-prikazna-na-novak-i-jlena-gjokovik004.jpg

„Нашите состаноци беа научна фантастика. Јас бев студент кој едвај можеше да си дозволи да студира во странство, а тој беше тенисер кој исто така немаше пари да финансира скапо патување.

Авионите ни беа вселенски бродови, не можевме да си го дозволиме тоа“, се присети своевремено Јелена Ѓоковиќ.

imal-17-godini-koga-se-zapoznale-denes-vazat-za-eden-od-najharmonicnite-parovi-kako-zapocna-ljubovnata-prikazna-na-novak-i-jlena-gjokovik003.jpg

Во 2013 година, Новак реши да ѝ приреди на својата сакана уникатно запросување.

„Отидовме на летање со балон. Изнајмив уште еден балон, кој требаше да полета во моментот кога ќе поминеме и да пушти натпис на кој пишува 'Ќе се омажиш ли за мене?'“, раскажа тенисерот за романтичното запросување.

imal-17-godini-koga-se-zapoznale-denes-vazat-za-eden-od-najharmonicnite-parovi-kako-zapocna-ljubovnata-prikazna-na-novak-i-jlena-gjokovik005.jpg

Јелена, пак, прво мислела дека натписот на другиот балон е всушност реклама.

„Видов уште еден балон на кој се појави, како што мислев тогаш, реклама. Помислив колку е лудо, што прави оваа реклама во седум наутро, а потоа само прочитав што пишува. Се свртев и тој веќе беше на колено со прстенот!“

ljubovna-prikazna-novak-i-jelena-02_copy.jpg

Иако се чини како храбро момче кое дава сè од себе додека е на теренот, сепак Новак призна дека во тој момент кога требало да ја побара раката на Јелена се чувствувал несигурно во себе.

„Морав да ja соберам сета храброст. Пред тоа ги прашав луѓето кои веќе беа свршени, какво е чувството, што можам да очекувам, но сите ми рекоа дека дури кога ќе се случи, кога ќе го кажам прашањето, ќе знам точно какво е чувството. А, чувството е неверојатно“.

imal-17-godini-koga-se-zapoznale-denes-vazat-za-eden-od-najharmonicnite-parovi-kako-zapocna-ljubovnata-prikazna-na-novak-i-jlena-gjokovik002.jpg

По дипломирањето на Јелена, својата љубов ја крунисаа со брак на 10 јули 2014 година. И денес ја негуваат нивната посебна врска, тие се најголеми поддржувачи еден на друг.

Новак за сите свои успеси напомнува дека Јелена е негова најголема поддршка.

ljubovna-prikazna-novak-i-jelena-04_copy.jpg

„Таа е нешто посебно за мене, таа е моја сродна душа. На прв поглед ме освои со нејзината насмевка. Се разбира, изгледот е секогаш на прво место, но љубовта бара многу повеќе.

Јелена беше искрена од првиот момент и фала му на Бога што се запознавме пред да постигнам голем успех затоа што знам дека е со мене поради мене, поради Новак, поради детето кое го запозна на 17 години.

Таа е мојот најголем поддржувач, таа е способна, амбициозна и силна. Она што најмногу го сакам кај неа е нејзината искреност, тоа е она што нè прави среќни“, вели Новак за својата сакана.

Тие се доказ дека каде има љубов, сè е можно и ниту еден успех не е невозожен доколку сте со вистинската личност.

В. К. | Црнобело / фото: Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
„Врескав додека ме изнесуваа од дома“ – Исповед на ќерката на Дејвид Боуви, која на 14 години ја одн... Ќерката на Дејвид Боуви со трогателна исповед за рехабилитацијата: „Во писмото о...
Била заљубена во негов пријател, имаат дете, но не се во брак - Љубовната приказна на Ерлинг Халанд ... „Таа се сеќава дека ме видела многу пати кога бевме помлади, но јас не се сеќава...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
И по 3 години, Шакира ја боли неверството на Пике, но првпат го пофали јавно - Зошто е спремна да св... „Заздравувањето на раните е нешто што трае многу години. Сфатив дека можеш да по...
Ја освои Карла Бруни, спиел со над 4.000 жени, сега има 44 години помлада девојка: Љубовниот живот н... Поранешната сопруга ја изневери со Карла Бруни, девојката што искрено ја сакаше ...

Најчитани неделава