Српска актерка со храбра исповед: „Професорот по глума ме силуваше на 17 години, не смееме да молчиме - за девојчињата кои сега минуваат низ тортура“

25-годишната српска актерка, Милена Радуловиќ, 8 години по пеколот низ кој поминала од страна на досега угледниот професор Мика Алексиќ, собира храброст, го надминува стравот и немоќта и открива на кој начин тој ги манипулирал децата и родителите и до ден-денес ги злоупотребува сексуално малолетните девојки во својата школа, крена револуција сакајќи да спречи нови жртви, велејќи дека не смее да се молчи ниту ден повеќе.

srpska-akterka-so-hrabra-ispoved-profesorot-po-gluma-me-siluvashe-na-17-godini-ne-smeeme-da-molchime-za-devojchinjata-koi-sega-minuvaat-niz-tortura-01.jpgфото: Инстаграм 

„Бев 6 години во школата на Мика Алексиќ. Имав 17 години кога ме силуваше. Чувствував срам. Се мразев. Но не се плашам повеќе. Чувствувам одговорност и мора да спречиме уште девојки да поминат низ пеколот кој го поминавме ние. Тоа не се случи еднаш, се повторуваше“ – Милена Радуловиќ е српска актерка со огромна храброст која го обелодени грозоморниот чин на сопственик на школа за глума, а покрај неа има уште неколку девојки кои се охрабриле и прозборуваа за неговото малтретирање кое го потиснувале со години.

Во последните 24 часа, српските медиуми и социјалните мрежи се преплаваени со, од една страна грозоморна вест за силување и малтретирање на млади девојки од страна на сопственик на школа за глумење, а од друга страна, моќна револуција на српските млади актерки кои се исправија пред предизвикот, ја „соголеа“ душата и открија каква грутка чуваат во себе од минатото.

Иако изјавата на Милена Радуловиќ крена најмногу прашина, сепак таа не е единствена која го призна ова ужасно искуство, а неколку девојки, некои од нив и сега малолетни, го пријавија во полиција случајот на силување и сексуално вознемирување од страна на Мирослав Мика Алексиќ.

Во неговата школа поминале илјадници деца во текот на речиси 4 децении, а од тие деца излегле многу познати актерски таленти меѓу кои и Милена Радуловиќ, која прва јавно проговори за пеколот низ кој поминала.

Како резултат на подолга истрага по пријавените случаи, досега угледниот професот Мика Алексиќ е уапсен, а приказната на српската актерка која храбро ја води борбата со цел да охрабри што повеќе девојки кои минале низ истиот чин, ја раздрма јавноста и крена револуција.

View this post on Instagram

A post shared by Miléna Radulovic (@mileena_radulovic)

Нејзиниот глас е јасно и гласно слушнат, а нејзината приказна поттикна многу други девојки да го отворат тој мрачен дел во своите сеќавања, да се потсетат на нивните денови минати во школата и да откријат дека и тие преживеале низа непријатности предизвикани од Алексиќ.

Во интервјуто кое открива мрачни моменти од нејзината младост и тајни за професорот, таа вели дека Алексиќ уште по првата средба се „ослободувал“ од посета на родители.

„Аудициите беа масовни. Се пријавуваа неколку стотици деца, а тој бираше 7-8 најталентирани. По приемот, разговараше со родителите, ги информираше за цена, часови, кодекс на облекување (девојчињата во здолништа, момчињата во чевли, уредно средени коса и нокти), и им нагласуваше една важна работа – дека тоа е прв и последен пат да се гледа со нив, а децата сами да носат пари за школарина.

Постојано зборуваше дека децата се мали луѓе, а нас ни годеше кога слушавме – Вие сте самостојни, ова е само нешто ваше.

Тој ја поништуваше улогата на родителите, но тогаш тоа не ни изгледаше спорно.“

srpska-akterka-so-hrabra-ispoved-profesorot-po-gluma-me-siluvashe-na-17-godini-ne-smeeme-da-molchime-za-devojchinjata-koi-sega-minuvaat-niz-tortura-05.jpgфото: Инстаграм

Според Милена, професорот бил строг, а школата не била само за глумење, туку таму се правеле убави задачи, се одело на излети низ Србија, на пазар, децата учеле да готват и се учеле вредности кои на родителите им годеле за нивните деца, а сето тоа предизвикувало страхопочит на децата кон него.

Таа доживеала целосен шок кога од еден таков свет на строгост и стравопочит и учење на животни вредности, преку ноќ преминала во светот на сексуално злоставување, кога на почетокот на ноември 2012-та, тогаш 61-годишниот професор ја силувал на 17-годишна возраст.

„До тој момент не помислив дека такво нешто е можно. Не го знаев како таков и тогаш бев убедена дека сум единствена и сама. Беше шок. Кршење. Тоа за мене беше второ семејство. Навистина.

Мика водеше сметка за тоа да се случи во текот на часот, но во собата покрај онаа во која беа сите ученици или во периодот кога се интензивираше работата за приемниот на ФДУ. Не оставаше простор за некој да се посомнева дека се случува нешто страшно и ужасно. Сето тоа внимателно го испланирал. Користеше ситуации кога бевме во шок.

Освен тоа што ви се случува, секогаш беше тука и страшното чувство дека тука во близина има уште многу други деца.“ – открива во својата исповед Милена, која не сака да зборува за детали околу силувањето во медиуми, а напоменува дека низ истото поминале повеќе девојки не само таа. Според неа, секој пат кога некоја ќе пружела отпор, наидувала на употреба на сила или игнорирање.

srpska-akterka-so-hrabra-ispoved-profesorot-po-gluma-me-siluvashe-na-17-godini-ne-smeeme-da-molchime-za-devojchinjata-koi-sega-minuvaat-niz-tortura04.jpgфото: Инстаграм

Откако приказната на актерката се појави во медиумите, злобната и нечовечка страна на оние кои следат од страна излезе на површина преку ужасни коментари кои ја обвинуваат за тоа што не го кажала ова тогаш, наводно сега сакајќи само да привлече внимание.

Но, срамот кој го преживеала, чувството на немоќ и слабост и стравот како ќе признае, биле посилни од неа во тој момент. Таа се мразела себеси и чувствувала неверојатен срам и најмногу, чувство на вина што не успеала да се одбрани. Тука бил и стравот како ќе им соопшти на родителите, дали ќе ги повреди и ќе им ги уништи животите? Состојбата низ која минуваат девојките е несфатлива за оние кои набљудуваат од страна и се осудуваат да кажат дека самите се виновни за тоа што им се случило. Чувството на немоќ, срамот да го признаат тоа и стравот како ќе биде тоа прифатено.

„Неговата манипулација ни всадуваше огромно чувство на одговорност, соучество, вина. И на крај, некој страв дека во сето тоа ќе останете сами. Во моментот на тој чин јас немав свест за последиците, тие доаѓаа подоцна. Тоа беше поништување на секој вид на самодоверба, сигурност.“

srpska-akterka-so-hrabra-ispoved-profesorot-po-gluma-me-siluvashe-na-17-godini-ne-smeeme-da-molchime-za-devojchinjata-koi-sega-minuvaat-niz-tortura-03.jpgфото: Инстаграм

И покрај тоа што овие измешани емоции преовладуваат во главата на жртвите, сепак Милена решила да се охрабри неколку години подоцна, откако сфатила дека не е единствена, дека многу девојки минуваат низ пекол, предизвикан од добро разработен систем на професорот.

„Во ноември се појави нова жртва на Мика. Малолетна, мене до тогаш ми беше непозната, ми се јави и се поврзавме. Се поврзавме со уште неколку девојки, разговаравме и одлучивме дека е време ова да престане.

Со оваа свест сега, криењето на злосторството и премолчувањето беше исто што и самото злосторство. Ќе станевме соучеснички ако премолчевме знаејќи дека може да има потенцијално нови жртви. Најстрашно е што теренот е подготвуван со години, од рано детство, од страна на еден монструм, а девојките со мене и јас не можеме да дозволиме уште некој да го преживее тоа што и ние.

Ова не е одмазда. Сите ние, жртви на Мирослав Алексиќ влегуваме во ова затоа што е недозволиво да се молчи ниту ден повеќе. Некои девојки, родени во 2003-2004 година токму сега поминуваат низ таква тортура. Ова не е прашање на лична сатисфакција, ова мора да се заврши, бидејќи се случува и сега, овие денови. Ако молчиме, ние сме го дозволиле тоа зло!

Знам дека мојот глас се слуша повеќе, а и најстара сум од овие девојки кои го пријавија. Чувствувам одговорност кон тие деца, кон општеството и кон себе. Ова мора да се доведе до крај. Го правиме ова со ладна глава.

Очекуваме поддршка бидејќи педофилија не може да поддржи никој! Не се плашам од осудите на јавноста, веќе немам од што да се плашам. Зборуваме за силување на малолетнички кои со години се во контакт со монструозен манипулатор, кој ги изманипулира нив, нивните родители и целото општество и секој кој имал позитивно мислење за оваа личност.“ – ја завршува исповедта Милена.

srpska-akterka-so-hrabra-ispoved-profesorot-po-gluma-me-siluvashe-na-17-godini-ne-smeeme-da-molchime-za-devojchinjata-koi-sega-minuvaat-niz-tortura-02.jpgфото: Инстаграм

Со овој храбар потег, Милена и армијата девојки кои ѝ се придружија кренаа револуција и поставија темели за посигурна иднина на младите актерки.

Тие добиваат огромна поддршка од своите колеги и колешки од српската естрада, но и од нашите актерки и естрадни личности од целиот регион.

Весна Петрушевска напиша:

Милена има 26 години, глумица е (патем одлична ) со својата изјава дека била сексуално злоставувана од својот учител по глума е повеќе од храбар чекор. Доста со глупавите прашања: Зошто сега? Само жртвата има права да одмолчи!

Само жртвата има право да одлучи кога ќе сака да каже! Приказната е монструозна и со длабоки и немерливи последици. На крајот, Милена е извонредно општествено одговорна личност. Нема компромис за предатори, дали тој бил учител по глума (што ја прави оваа околност многу страшна затоа што децата сонуваат и учат на актерска игра) или било која друга професија.

Педофилот нема професија. Изопаченоста и нивната потреба да се задоволат сексуално е посилна од макар малата помисла на нивните жртви кои во голем процент завршуваат со самоубиства. Тоа се бројките! Во животот на жртвата се преплетуваат несигурност, недоверба, секогаш се сомничави дали се доволно добри, преземаат улога на виновни (знаејќи дека не се)...ниту една жртва на педофил не е виновна, тој само ја искористува својата предност.

Браво за @mileena_radulovic и за овие работи треба гласно да се зборува и кај нас. 

https://www.instagram.com/p/CKKHUiVHhxx/

По сторијата на Милена, српските новинарки кои се залагаат за правата на жените, добиваат безброј пораки од своите следбенички, кои анонимно откриваат дека поминале низ свој вид на пекол со професорот, а јавно се огласуваат и други српски актерки со своја исповед. Некои од нив биле силувани, а некои само психички малтреирани. Голем дел од девојките дури сега ја сфаќаат позадината зад зборовите и делата на нивниот професор во младоста, кој уште од нивна најмала возраст се обидувал да влезе во нивната глава и со години го развивал грозоморниот систем.

А, за сите оние кои уште не разбираат зошто девојките не кажале нешто порано и бесрамно коментираат дека „сама си го барала“ или „лаже за да стекне слава“, неколку можни причини во продолжение:

  • Токму поради тие злобни коментари и осуди, на кои не се подготвени откако преживеале ужасно искуство кое ги направило немоќни и несигурни
  • Заради тоа што се плашат од насилство и последиците ако останат сами во борбата без никој да ги поддржи и заштити, посебно кога станува збор за борба против личност која важи за угледна во општеството
  • Заради тоа што се млади и манипулирани и во тој момент не сфаќаат што точно се случува, а со текот на годините и искуството сфаќаат точно низ што поминале во младоста

Оригиналната статија може да ја прочитате ТУКА.

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Брачен пар, кој не сака деца пред да го прошета светот, е мета на осуда: „Прво сакаме да уживаме во ... „Сакаме деца еден ден, но прво сакаме да уживаме во слободата. Не попуштаме под ...
„Шест години бев во врска со полицаец на тајна задача, бил испратен да ме шпионира“ „Бевме на зимување на Алпите кога дознав. Го најдов неговиот пасош - не ми го по...
„Ангелот на смртта“ - Жена од САД отворила клиника за гладни деца во Уганда, ги лекувала без лиценца... Тврдејќи дека била испратена на мисија од Бог, Американката Рене отворила клиник...
„Ги терам синовите од џепарлакот да плаќаат и за сметките – нека се учат од мали“ Дали деца на 6 години треба да размислуваат за сметки и пари? Синовите на оваа А...
„Се борам да сврзам крај со крај за да купам храна за децата, но тоа не значи дека сум лоша мајка“ „Стигнав до касата и немав доволно пари за да платам. Луѓето почнаа да зјапаат в...
Момче (10) се ожени со својата детска љубов, 12 дена пред таа да почине од леукемија „Повеќето деца сакаат да одат во Дизниленд, но таа отсекогаш сакаше да биде сопр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg