Сингапурецот кој изгледа како 20-годишен дечко наполни 60 години – кои се неговите тајни за младоликост?

„Најзгодниот дедо, старее како виното“ - Со години сите се прашуваат како е можно овој Сингапурец да изгледа како 20-годишен дечко, а сега официјално наполни 60 години и позира како да е во цутот на младоста. Колку години би му дале вие? И кои се тајните за младешкиот изглед?

singapurecot-koj-izgleda-kako-20-godishen-dechko-napolni-60-godini-koi-se-negovite-tajni-za-mladolikost-01.jpg

Сингапурскиот модел и фотограф, Чуандо Тан, кој веќе неколку години е интернет сензација заради својот младолик изглед, наполни 60 години.

Многумина не би поверувале во бројката и би го процениле како да е во своите 20-ти, максимум 30-ти години од животот.

singapurecot-koj-izgleda-kako-20-godishen-dechko-napolni-60-godini-koi-se-negovite-tajni-za-mladolikost-06.jpg

Сега Чуандо, на својот Инстаграм профил објави роденденска фотосесија со балони со број 60, облечен во кул аутфит и напиша:

„Денес, на мојот 60-ти роденден, се потсетувам дека времето е нашето единствено реално богатство. Секое изгрејсонце ни е наследство, не гаранција.

Благодарен сум што стојам на Земјава. Помудриот пат сега е едноставен – враќање секојдневно кон природата и сончевата светлина и да се усогласувам со она што трае“.

singapurecot-koj-izgleda-kako-20-godishen-dechko-napolni-60-godini-koi-se-negovite-tajni-za-mladolikost-05.jpg

Некои сметаат дека има направено естетски корекции, други дека лаже за возраста, а неговата тајна за младешки изглед лежи во генетика, но и соодветна здрава исхрана и начин на живот.

singapurecot-koj-izgleda-kako-20-godishen-dechko-napolni-60-godini-koi-se-negovite-tajni-za-mladolikost-03.jpg

Тој консумира само здрава и генерално протеинска исхрана, пие многу вода, избегнува алкохол, се буди рано, практикува редовна физичка активност, а внимава и како се справува со стресот, односно пробува да го елиминира и редовно медитира.

„Никогаш не сум се чувствувал несигурно за возраста. Кога станав вирален на 51 година, сè ми остана исто. Едноставно уживав во животот како претходно.

Дури и кога старееш, мора да ја задржиш сексуалноста во себе. Не за другите, туку за себе“ – изјавил тој во една прилика за Vogue Man Singapore

Прочитајте ги и Тајните со кои Чуандо изгледа како 20-годишен дечко

Повеќе фотки од Чуандо:

М. М. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Британка (23) е осудена на 25 години во озлогласен затвор во Дубаи: „Судењето беше на арапски, не мо... 23-годишна студентка од Англија ќе помине голем дел од животот во затвор во Дуба...
8 години беше љубовница на оженет маж со три деца, па му роди ќерка - Бурниот љубовен живот на Лаура... Иако важи за една од миленичките на италијанската музичка сцена, жена која е и п...
„Домот ми беше толку расфрлан и валкан, што имав и стаорци – 16 години немав фрлено буквално ништо“ „Го чувам секое парче облека што сум го купила или добила, дури и оние што не ги...
Тажниот живот на сестрата на Џеки Кенеди: Сопругот ѝ остави долг од 60 милиони долари, Аристотел Она... Ли Радзивил го поминала животот во сенката на сестра ѝ Џеки Кенеди, а дури ѝ мај...
Можни причини зошто Меланија останува со Доналд Трамп (иако некогаш изгледа како да го мрази) Меланија знае како е да се почне од нула, па веројатно не сака да си ја загрозув...
Зошто бившиот сопруг сè уште ја посетува Андреа Јејтс, 25 години откако таа ги удави нивните 5 деца ... На 20 јуни 2001 година, домаќинката Андреа повикала полиција и признала пред пол...

Најчитани неделава