Рајан Рејнолдс ја фарба Блејк Лајвли – како ѕвездите го прославија Денот на вљубените?

Блејк Лајвли објави видео на кое Рајан ѝ ја бојадисува косата, а тој објави видео од неа на санка, Криси Тајген сподели анимација за нејзината љубовна приказна со Џон, а Викторија Бекам објави ретро фотки од неа и Дејвид.

rajan-rejnolds-ja-farba-blejk-lajvli-kako-dzvezdite-go-proslavija-denot-na-vljubenite-01.jpg

Во неделата се прославуваше Денот на вљубените, но поради пандемијата, ни славните немаа некои големи планови.

Скоро сите го прославија празникот во домашна атмосфера и повеќето славни споделија фотки од романтичната вечера, но објавата на Блејк Лајвли дефинитивно привлече најмногу внимание.

По повод празникот, актерката сподели тајмлапс видео на кое нејзиниот сопруг Рајан Рејнолдс ѝ ја фарба косата. На шега, во описот Блејк напишала:

„Тогаш кога спиев со мојот фризер“.

Со видеото, Блејк сподели и фотка на која се гледа крајниот резултат од фарбањето на Рајан. Актерот завршил одлична работа, а како што велат повеќето фанови во коментарите, тој навистина е маж со многу таленти.

И Рајан сподели видео од својата сакана по повод Денот на вљубените. Актерот објави смешно видео на кое актерката се санка, а во описот напишал:

„Мојата сакана засекогаш, за предвидливата иднина“.

Покрај видеото, тој сподели и смешна фотка од нив двајцата – Блејк гледа кон камерата и позира, додека Рајан ја гледа со чуден поглед.

Како другите ѕвезди го прославија Денот на вљубените:

Мајли Сајрус сподели смешни љубовни картички со Хана Монтана

Џон Леџенд ѝ направил палачинки во форма на срце на Криси, а таа сподели анимирано видео кое ја раскажува нивната љубовна приказна

https://www.instagram.com/tv/CLSGvzchm25/?utm_source=ig_embed

Алекс Родригез ја израдувал Џеј Ло со огромен букет рози, а пејачката сподели дека во февруари тие ја слават и нивната годишнина

Џо Џонас сподели фотка од Софи Тaрнер додека беше бремена

Џиџи Хадид сподели слатка црно-бела фотографија од неа и од Зејн

Ешли Греам сподели фотка од Ноќта на вештерките со сопругот Џастин, на којашто е бремена

Дејвид Бекам сподели фотка со Викторија, а таа, пак, сподели две стари фотографии каде што и двајцата носат виолетова облека

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Контроверзна венчавка, арогантно однесување: Како Рајан Рејнолдс и Блејк Лајвли станаа најомразениот... Се венчаа на поранешна плантажа со робови, и двајцата имале бројни конфликти со ...
Која е девојката што Дејвид Бекам ја откачи заради Викторија – Денес е омажена за негов пријател и с... Кога Дејвид ја видел Викторија веднаш се вљубил и ја „откачил“ девојката со која...
Учел во одделение за деца со посебни потреби, носел ножеви во училиште - Факти за Рајан Гослинг Кога имал 10 години во училиште отишол со ножеви, затоа што сакал да биде Рамбо,...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Должела над 40 милиони, Дејвид ѝ позајмува пари: Како модниот бренд на Викторија Бекам избегнува бан... Викторија Бекам го лансира нејзиниот моден бренд во 2008 година, а првпат пријав...
Бјанка Сенсори (30) се прошета речиси гола, по танга боди, во Шпанија - по новите скандали на Канје ... И додека Канје Вест изнесува лажни обвиненија против бившата Ким Кардашијан во в...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg