Ријана непрепознатлива, но гласна и забележана од сите на протест на улиците на Њујорк (фото+видео)
- Детали
- среда, 07 април 2021
Светските медиуми денес ја пренесуваат веста како Ријана сосема ненадејно решила да се уфрли во протести во Њујорк, на големо изненадување на сите. Таа претходно, во неколку наврати, отворено го осудуваше расизмот, но сега одлучи да оди чекор напред и да излезе на улиците за поддршка.
Светски познатата пејачка уште еднаш реши да го потврди својот бунтовнички дух, па целосно маскирана (со маска за лице, капа и очила) реши да даде свој придонес на протестите што се одржаа во Њујорк против азискиот расизам.
Имено, видеата и фотографииите станаа вистински хит на социјалните мрежи.
На видеото се гледа како еден учесник во протестите останува занемен кога Ријана му дава линк до нејзиниот профил на Инстаграм.
Тоа си ти?, прашува збунето учесникот, а ова видео се најде во вестите на сите светски медиуми.
Инаку 33-годишната пејачка од Барбадос е позната по тоа што отворено се залага против расизмот. Таа минатата година на социјалните мрежи се вклучи во борбата против бруталноста на полицијата, а претходно отворено се залагаше за инклузивност и се бори да ги скрши расистичките поделби во козметичката индустрија преку нејзината линија Fenty.
Б. С. Б. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





