Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


По третата бременост Џесика Симпсон изгуби 45kg и стана непрепознтлива: „Ја фрлив вагата, важно ми е да сум здрава“

Минатата година, кога американската пејачка успеа да загуби цели 45 kg беше топ тема во повеќето таблоиди. Имено таа на Инстаграм постојано ги објавуваше сите промени на нејзиното тело во бременоста со третото дете, ќеркичката Брди Меј: од потечени стапала, до ненамерното кршење на даската од тоалетот, па сè до породувањето и борбата со вишокот килограми.

Pejackata-po-tretoto-dete-zagubi-45-kilogrami-i-stana-neprepoznatliva-a-sega-veli-deka-ne-i-e-griza-za-igledot-ja-frliv-vagata-vazno-e-da-sum-zdrava-01.jpg

Дополнително, се појавуваа низа фотографии на кои можевме да ја видиме непрепознатлива со вишокот килограми од бременоста, а потоа сите нè изненади со посветеноста со која се избори со вишокот килограми, па ослабе и повеќе отколку што треба.

Откако во септември минатата година го прослави 40-иот роденден со 45 kg помалку, сите останаа во шок, а тогаш се велеше дека нејзиниот добар изглед се должи токму на поставувањето цели.

„Шест месеци, 45 килограми помалку. Моето прво патување без Брди Меј и емотивно поради многу причини, но горда сум што се чувствувам како себеси повторно. Дури иако изгледаше невозможно, одлучив да работам повеќе“ – напиша таа тогаш.

Сега, осум месеци подоцна, пејачката сврте нов лист. Иако, мора да признаеме сè уште изгледа одлично, во гостувањето на шоуто „Today“ , Џесика открива дека претходната борба со килограмите резултирала со тоа што таа ја фрлила вагата за да може во целост да се фокусира на сопственото здравје без дополнителниот стрес да постигне одредена зацртана тежина.

„Ја фрлив. Немам поим колку килограми имам. Само сакам да се чувствувам добро и да можам да ги закопчам панталоните. Ако не можам, имам поголеми, имам во секоја големина“ - изјави пејачката, според Fox News.

Инаку, со третото дете, пејачката како што забележа сама во постовите на Инстаграм, успеала да стигне до тежина од 108 килограми. По породувањето таа постојано споделуваше информации за нејзиниот напредок и за тоа колку многу труд вложила за да загуби 45 килограми и повторно да се чувствува комотно во сопствената кожа.

Pejackata-po-tretoto-dete-zagubi-45-kilogrami-i-stana-neprepoznatliva-a-sega-veli-deka-ne-i-e-griza-za-igledot-ja-frliv-vagata-vazno-e-da-sum-zdrava-02.jpg

Во продолжение повеќе фотографии од пејачката во најново издание:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg