Џон Траволта се заблагодари на почината сопруга, Бен Афлек на бившата – Како славните го одбележаа Денот на мајката?

Ѓорѓи Крстевски објави фотка со својата мајка, Ивана Кнез ѝ порача на својата мајка дека секој ден е нејзин, Бен Афлек се заблагодари на бившата Џенифер Гарнер, а Џон Траволта се потсети на својата сакана која на 57 години ја изгуби битката со ракот. 

dzon-travolta-se-zablagodari-na-pochinatata-sopruga-ben-aflek-na-bivshata-kako-slavnite-go-odbelezaa-denot-na-majkata-1.jpg

Во САД и во некои други земји Денот на мајката се слави во втората недела од месецот мај. Овој ден е познат и како Интернационален Ден на мајката. На социјалните мрежи славните и познатите споделија фотографии и пораки со кои го одбележаа денот.

Џон Траволта

Оваа недела беше првиот Ден на мајките откако сопругата на славниот актер Кели Престон почина од рак на дојката на возраст од 57 години.

Џон Траволта објави фотографии и порака со која го одбележа денот. Тој до двете семејни фотографии напиша:

„Најдрага Кели ти ги донесе во мојот живот трите најпрекрасни деца што некогаш сум ги запознал. Ти благодарам. Те сакаме и ни недостигаш. Среќен Ден на мајките.“

View this post on Instagram

A post shared by John Travolta (@johntravolta)

Dzon-Travolta-se-zablagodari-na-pochinatata-sopruga-Ben-Aflek-na-bivshata-kako-slavnite-go-odbelezaa-denot-na-majkata-02.jpg

Бен Афлек

Актерот што деновиве е актуелен во таблоидите поради поврзувањата со бившата свршеница Џеј Ло, како и со инфлуенсерка што непромислено го одбила на социјалните мрежи, сепак по повод Денот на мајката одвои време и на Инстаграм ѝ се заблагодари на поранешната сопруга Џенифер Гарнер. Тој објави редок пост на својот профил во кој напиша:

„Многу сум среќен што ги делам децата со тебе. Ние сме најсреќни родители во светот. Ти благодарам за сета добрина што ја правиш. Среќен Ден на мајките. Со љубов, нивниот татко.“

https://www.instagram.com/p/COqZBpOjba_/?utm_source=ig_web_copy_link

Dzon-Travolta-se-zablagodari-na-pochinatata-sopruga-Ben-Aflek-na-bivshata-kako-slavnite-go-odbelezaa-denot-na-majkata-03.jpg

Џесика Алба

Актерката напиша пост во чест на нејзините три деца:

„Вие тројца како подарок ми дадовте надежи, соништа и можности што никогаш не сум знаела дека постоеле и најважно ми дадовте храброст без страв да се борам за нив. Ве сакам мои бебиња!“

Џон Леџенд

Музичарот Џон Леџенд напиша порака посветена на неговата сопруга Криси Тајген:

„Ова беше година што те тестираше на многу начини, но ти излезе посилна, помудра и подобра мајка од кога било.“

Dzon-Travolta-se-zablagodari-na-pochinatata-sopruga-Ben-Aflek-na-bivshata-kako-slavnite-go-odbelezaa-denot-na-majkata-04.jpg

Пријанка Чопра

Актерката го честиташе Денот на мајката на нејзините две мајки: мајката Мадху и нејзината свекрва Денис.

„Денес го славиме мајчинството. Почетокот на целиот живот. Ова е за сите мајки околу нас што безгранично креираат, одгледуваат и љубат. Ве молам знајте дека сте ценети и видени. Многу сум благословена што имам за пример две извонредни жени што ми се пример секој ден. Ве сакам и нека е среќен Денот на мајката за сите.“

Dzon-Travolta-se-zablagodari-na-pochinatata-sopruga-Ben-Aflek-na-bivshata-kako-slavnite-go-odbelezaa-denot-na-majkata-05.jpg

6. Џенифер Лопез

Џенифер Лопез Денот на мајките го прослави заедно со нејзината мајка Гвадалупе Родригез и близнаците Макс и Еме. Таа на Инстаграм објави фотографии од денот, без некаква поголема посвета.

Dzon-Travolta-se-zablagodari-na-pochinatata-sopruga-Ben-Aflek-na-bivshata-kako-slavnite-go-odbelezaa-denot-na-majkata-06.jpg

Хали Бери

Актерката објави фотографија од периодот кога била бремена. Таа до фотографијата напиша:

„Никогаш нема да го надминам чудото на израснување живот во моето тело затоа што никогаш не сум се чувствувала „повеќе своја“ отколку кога ги носев моите две деца. Мајчинството е вистинска привилегија. Среќен Ден на мајките во целиот свет.“

Ѓорѓи Крстевски

Денот на мајките го честитаа и дел од нашите ѕвезди. На својот Инстаграм профил Ѓорѓи Крстевски објави фотографија со која го честиташе Денот на мајката.

https://www.instagram.com/p/COqcAEGrD3t/?utm_source=ig_web_copy_link

Ивана Кнез

Нашата дизајнерка Ивана Кнез на нејзиниот Facebook профил објави фотографија со мајка ѝ Јулија до која напиша:

„Ти си знаеш како ти е со мене. Од сите инати на светов, ти се паднав јас. И заради тебе секој ден е твој ден! Биди и понатаму звер џишке, те сакам бескрајно. Среќен интернационален ден на мајките Јулија Македонска Коларовска.“

Dzon-Travolta-se-zablagodari-na-pochinatata-sopruga-Ben-Aflek-na-bivshata-kako-slavnite-go-odbelezaa-denot-na-majkata-07.jpg

Калиопи

Пејачката го честиташе Денот на мајката на повеќе жени-мајки во животот, со колаж од фотографии.

dzon-travolta-se-zablagodari-na-pochinatata-sopruga-ben-aflek-na-bivshata-kako-slavnite-go-odbelezaa-denot-na-majkata-.jpeg

Б. С. Б. | Црнобело / фото: Фејсбук/Инстаграм

Би можело да ве интересира:

Џон Сина (46) сака живот без деца: „Уживам и енергијата ја трошам на тоа да бидам најдобар сопруг“ „Навистина уживам во мојот живот. Благословен сум да правам и да видам работи, к...
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои) „Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
14 најубави парови кои издоминираа на Оскари 2024 и забавата по доделувањето (фото) Марго Роби во тоалета како песочен часовник, со природна фризура и шминка позира...
По обвинувањата за силување, освои една од најубавите жени на светот: Која е девојката на Чак Бас од... Поранешната Мис тинејџерка на светот, Ејми Џексон скоро две години е во врска со...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Никој не е совршен: Ќерката на Хајди Клум мачи мака со акните, а е меѓу најбараните млади модели Лени, ќерката на Хајди Клум, објави фотографија без шминка и покажа дека иако е ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg