Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Ким Кардашијан среде скандал: Вработени ја тужат за неисплатени плати и малтретирање

Навикнати сме Ким Кардашијан да ја гледаме како ужива во раскошниот и луксузен животен стил. Пред неколку месеци таа и официјално стана милијардерка според Форбс, а малку подоцна имавме можност и да ја видиме како се подготвува за испити по право во жешко бикини. Се надеваме дека добро внимавала на лекциите затоа што, по сè изгледа, сепак ќе ѝ бидат добредојдени.

kim-kardashijan-srede-skandal-vraboteni-ja-tuzhat-za-neisplateni-plati-i-maltretiranje-01.jpg

Имено, неколку нејзини поранешни вработени одлучија да поднесат тужба против ријалити-ѕвездата. Седум поранешни вработени што биле задолжени за градината и за одржувањето на нејзината палата во Лос Анџелес вредна 60 милиони долари ја тужат за повеќе неправди што таа им ги нанела како нивен работодавец.

Тужбата била поднесена во понеделникот (24.05), а според неа Кардашијан доцнела со платите, задржувала 10 отсто од платите за даноци, а потоа не ги исплатила тие суми кон државата, понатаму не им плаќала прекувремени работни часови, а дури и ги принудувала да работат без пауза за ручек.

Na-Kim-Kardashijan-dobro-kje-i-dojdat-chasovite-po-pravo-poraneshni-vraboteni-ja-tuzat-za-neisplateni-plati-02.jpg

Тие тврдат дека не им давала детални изводи за исплатата, а еден поранешен 16-годишен вработен тврди и дека неговите работни часови биле многу подолги од предвидените со закон 48 часа неделно за малолетни вработени. Друг пак вработен тврди дека кога побарал да разговара за исплата на прекувремени часови, проблемот за данокот и паузите за ручек, веднаш бил отпуштен.

Na-Kim-Kardashijan-dobro-kje-i-dojdat-chasovite-po-pravo-poraneshni-vraboteni-ja-tuzat-za-neisplateni-plati-03.jpg

Ендрју Рамирез, заедно со неговиот брат Кристофер Рамирез и синот Ендрју Рамирез Џуниор, Арон Кабреа, Рене Ернесто Флорес, Хесе Фернандез и Роберт Араиза во моментов преку суд ќе ја бараат правдата за неисплатените плати и неисплатените прекувремени дневници.

Во изјава за Page Six претставник на Кардашијан даде изјава за тужбата при што рече:

„Овие работници биле вработени и исплаќани преку трет-субјект, односно фирма што била ангажирана од Ким за да обезбеди услуги. Ким не е дел од спогодбата што била направена помеѓу третото лице, односно фирмата и нејзините вработени, па поради тоа таа не е одговорна за тоа како фирмата управува со бизнисот и како ги менаџира спогодбите што тие ги постигнале со нивните вработени.

Ким досега нема неисплатени сметки кон фирмите со кои соработува и се надева дека проблемите помеѓу овие вработени и фирмата што ги вработила ќе се разреши на пријателски начин во скоро време.“

Инаку, поранешните вработени на Ким се претставувани од адвокатот Френк Ким од фирмата Ким Легал. Френк Ким исто така е застапник на еден од поранешните вработени на екс-сопругот на ријалити-ѕвездата Канје Вест. Канје се соочува со слична тужба што е поврзана со неговата опера Nebuchadnezzar.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ким Кардашијан се појави на суд со драматичен стајлинг и накит од 7 милиони долари - се соочи со кра... Ким Кардашијан се појави со драматичен стајлинг и накит од 7 милиони долари и из...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Ким Кардашијан на скршеното стапало си стави гипс во облик на висока потпетица + црвени нокти Коментарите се од „Иновативно“ до „Скршено стапало не треба да биде во гипс со о...
Ќерката на Ким и Канје се гушка со маќеата, додека мама очајно бара помош да се справи со децата Најстарата ќерка на Ким и Канје, Норт, очигледно се поврзува со девојката на тат...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg