Не ѝ треба Канје за богатство – Ким Кардашијан стана милијардерка и прослави на луксузен одмор

Ким Кардашијан е доказ дека не ѝ е потребен маж за да успее сама и да стане милијардерка - таа официјално се најде на листата на милијардери на Форбс на свои 40 години, а веста ја прослави со фотка од луксузниот одмор. 

ne-i-treba-kanje-za-bogatstvo-kim-kardashijan-stana-milijarderka-i-proslavi-na-luksuzen-odmor-01.jpg

Ким (40) неодамна поднесе документи за развод од сопругот Канје Вест, а по добиената вест дека и официјално е на листата на милијардери на Форбс, таа на социјалните мрежи сподели две фотки во бикини на плажа, а во описот напиша „Bliss“ (Радост).

kim-kardashian-slavi-ne-i-treba-kanje-za-da-stane-milijarderka-02.jpg

Фотките веројатно се направени на одморот кој го започна за време на велигденските празници, кога кланот Кардашијан-Џенер одлучи да земе „здив“ од напорната работа.

Според анализите на Форбс што беа објавени вчера (06.05.2021), Ким сега тежи точно една милијарда долари, а во октомври била проценета на само 780 милиони долари.

Зголемувањето на богатството на Ким се должи на двата бизниси што таа ги предводи – KKW и Skims. Парите од реалните шоуа и од реклами се само дел од „колачот“.

Во јуни минатата година, Ким, според Форбс, тежеше 900 милиони долари, а по најавувањето дека Coty ќе откупи дел од нејзината козметичка линија, веќе беше јасно дека Ким ќе се најде и на официјалната листа на бизнисмени тешки над 1 милијарда долари.

kim-kardashian-slavi-ne-i-treba-kanje-za-da-stane-milijarderka-03.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Синди Крафорд е природна убавица и на 60: „Имам пакт против фејслифт, сопругот е против тоа и ме сак... Беше симбол за природна убавина во 90-тите години, а остана доследна и во своите...
Џени Гарт призна дека била вистински заљубена во Лук Пери: „Бев љубоморна на девојките со кои флерту... „Кога Кели се заљубуваше во Дилан, јас се заљубував во Лук“, вели Џени Гарт, кој...
На Ким ѝ се посреќи во љубовта – на вечера со Луис Хамилтон ги однесе и своите деца, а се дружеше и ... Изгледа дека романсата на Ким и Луис Хамилтон е сериозна, откако беа забележани ...
Федерер ја возвишува сопругата Мирка: „Одам со неа на шопинг и по 10 часа и правам сè што ќе посака ... „Кога сме на одмор, правам сè што таа ќе посака. Ако сака да оди 10 часа на шопи...
Се вљубил во неа пред да ја запознае, му требале 10 години да ја освои - Љубовната приказна на Штефи... „Нашите тренери договорија тренинг во 1999-та, а јас се запрашав: 'Зошто сака да...
Драми и навреди: Најголемите караници на Кардашијанс со други славни личности „Денес Ким Кардашијан објави гола фотка. Ако Ким сака да видиме дел од неа што д...

Најчитани неделава