Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Вера Ванг го прослави 72-иот роденден, но „не старее“ и дува свеќички на просеко – која е тајната за младоликоста?

Вера Ванг е една од дамите што изгледаат вечно младо. Речиси никој не би можел да претпостави дека познатата модна дизајнерка неодамна го прослави својот 72 роденден.

vera-vang-go-proslavi-72-iot-rodenden-no-ne-staree-i-duva-svekjichki-na-proseko-koja-e-tajnata-za-mladolikosta-01.jpg

Таа важи за една од најплатените модни дизајнери, а својот роденден го прослави со стил: забавата што таа ја приреди на 27-ми јуни беше одбележана од две работи – Просеко и Шер.

Ванг сега ги објави фотографиите и видеата од забавата на нејзиниот Инстаграм профил.

За важниот ден Вера се одлучила за флуоресцентен жолт фустан. Можеме да ја видиме како позира со некои од нејзините гости, а секако таа ја искористи приликата за да ја промовира и нејзината нова линија Просеко.

Во видеото на кое можеме да ја видиме познатата дизајнерка како дува свеќички распоредени околу садот во кој се лади Просеко, забележуваме дека до неа е и Шер, или не!? Сепак, тоа не е познатата пејачка лично, туку станува збор за познатиот имитатор на Шер, Стивен Андраде.

„Шер и јас! Имам и торта и ја пијам истовремено“ – напиша Ванг до видеото на Инстаграм.

Инаку, познатата дизајнерка во минатото говореше и за тоа која е тајната за нејзиниот вечно млад изглед. Верувале или не, таа тврди дека нејзиниот добар изглед се должи на две работи: добар сон и вотка.

„Спиењето е клучно за преживување. Мислам дека не би можела да функционирам без добро да се наспијам. Јас секогаш морам добро да се одморам, мислам дека тоа е клучот за сè.

Значи, спиењето е многу важен дел, но и вотката. Мислам дека одморот подразбира дека можеш убаво да се опуштиш со коктел. Не мислам дека треба да пиеш во 10 часот наутро, но мислам дека секој треба да пие коктел со вотка пред вечера и така да направи пауза“ – рече таа.

Како и да е, кога ќе се погледнат фотографиите, речиси никој не може да верува дека познатата дизајнерка сигурно чекори во осмата деценија од животот.

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи... Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg