Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Куќичка за играње од 12.500 долари, мини „Бентли“ автомобил за ќерката – Како Клои Кардашијан ги троши милионите?

Ќеркичката на Клои си игра во детска куќичка која чини 12.500 долари, покрај мини Бентли, малата Тру поседува уште неколку автомобили играчки и има гаража за својот мини возен парк – мама обожава да го троши богатството на неа и не се грижи за критиките. 

kukjichka-za-igranje-vredna-12-500-dolari-kolichka-bentli-kako-kloi-troshi-ogromno-bogatstvo-na-kjerkata-01.jpg

За 3-годишната Тру Томпсон би можело да се каже дека е мошне разгалена затоа што има куќичка за играње што вреди повеќе од просечен автомобил, а да не го спомнуваме и нејзиното Бентли (играчка).

На што троши Клои милиони за нејзината ќеркичка?

Куќичка за играње вредна 12.500 долари

Клои многупати била критикувана дека премногу ја разгалува ќерката, но таа тврдеше дека не гледа никаков проблем во тоа што купува скапи работи за Тру.

Минатата година таа потроши 12.500 долари (околу 10.000 евра) за куќичка за играње. Од фотографиите што таа тогаш ги објави на социјалните мрежи може да се види дека 2-годишното девојче тогаш уживаше во својата нова играчка.

kukjichka-za-igranje-vredna-12-500-dolari-kolichka-bentli-kako-kloi-troshi-ogromno-bogatstvo-na-kjerkata-03.jpg

kukjichka-za-igranje-vredna-12-500-dolari-kolichka-bentli-kako-kloi-troshi-ogromno-bogatstvo-na-kjerkata-04.jpg

Тру има „Бентли“ автомобил (играчка)

Уште пред да ја купи новата куќичка, Клои одлучи да ја научи својата ќерка колку е важно да имаш добар автомобил, а за малата принцеза само најдоброто.

Кога имаше 14-месеци Тру го доби својот прв автомобил, а тоа беше розово светкаво „Бентли“. Во тој период Клои се соочи со поголем број критики, на кои таа одговори:

„Знаете дека ова не е вистинско „Бентли“? Играчка е. Нема причина зошто би се лутеле ако гледате бебе во автомобил играчка. Како и да е, жал ми е што се чувствувате така, но се надевам дека ќе имате прекрасен викенд! Фокусирајте се на нештата што ве прават среќни. Насмевнете се!“

kukjichka-za-igranje-vredna-12-500-dolari-kolichka-bentli-kako-kloi-troshi-ogromno-bogatstvo-na-kjerkata-07.jpg

Гаража за сите автомобили на Тру

Како да не беше доволно тоа што беше мета на голем број критики за автомобилот „Бентли“, Клои беше дел и од една епизода на шоуто Get Organized with The Home Edit, каде во целост ја организираа гаражата наменета за автомобилите играчки на Тру која тогаш имаше две години.

Од она што може да се види на фотографијата, Тру има цел „возен парк“ што се состои од неколку „Мерцедеси“, „Бентли“ и други луксузни модели. Овие автомобили се продаваат за цена од под 1.000 долари.

kukjichka-za-igranje-vredna-12-500-dolari-kolichka-bentli-kako-kloi-troshi-ogromno-bogatstvo-na-kjerkata-08.jpg

250.000 долари за нов „Ролс Ројс“ џип

Кога станува збор за нејзиниот автомобил Клои секогаш за себеси избира „Ролс Ројс“.

Таа потроши околу 250.000 долари на џип верзија на „Ролс Ројс“. Таа беше забележана како излегува од возилото во близина на филмско студио во Калифорнија. Интересно беше што во тој миг обожавателите ја забележале како се обидува да излезе од паркингот, при што за малку ќе го удрела новото возило.

kukjichka-za-igranje-vredna-12-500-dolari-kolichka-bentli-kako-kloi-troshi-ogromno-bogatstvo-na-kjerkata-09.jpg

Палата од 7,2 милиони долари

Таа за себе купи палата вредна 7 милиони долари. Станува збор за приватен имот што е со високо обезбедување, а како негови претходни сопственици се именуваат Џастин Бибер, Кајли Куоко и Рајан Свитинг.

kukjichka-za-igranje-vredna-12-500-dolari-kolichka-bentli-kako-kloi-troshi-ogromno-bogatstvo-na-kjerkata-11.jpg

200.000 долари за да ги исфрли работите на Тристан Томпсон

Откако се разделија првиот пат, затоа што Тристан ја изневерувал со најдобрата другарка на Кали Џенер, Џордин Вудс, Клои наводно потрошила 200.000 долари на целосно реновирање на домот.

Целта ѝ била да исфрли сè што е поврзано со Тристан: фотографии, но и сè што тој допрел. На овој начин таа чувствувала дека презема контрола над ситуацијата.

Според неа, во целост вредело што потрошила толку многу пари на овој чекор затоа што го симболизирало новиот почеток во нејзиниот живот.

kukjichka-za-igranje-vredna-12-500-dolari-kolichka-bentli-kako-kloi-troshi-ogromno-bogatstvo-na-kjerkata-12.jpg

Не троши пари на скап накит затоа што често го губи

Клои не штеди кога станува збор за куќи и автомобили, но кога станува збор за нејзиниот накит, таа вели дека носи обетки од бижутерија купени по цена од 10 долари затоа што често ги губи.

kukjichka-za-igranje-vredna-12-500-dolari-kolichka-bentli-kako-kloi-troshi-ogromno-bogatstvo-na-kjerkata-13.jpg

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи... Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Имал 14 години кога ја запознал, а таа 25 – Љубовната врска на Лиам Пејн со мајката на неговиот син ... „Нема поента да се трудиш да бидеш татко кога немаш што да го научиш детето“. Ов...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg