Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


„Си ја научив лекцијата“ - Алекс Родригез првпат проговори за раскинувањето со Џеј Ло

„Многу сме благодарни за изминатите пет години, но научивме и добри лекции“ - Алекс Родригез за првпат јавно проговори за раскинувањето со Џенифер Лопез и за нејзината инстант врска со бившиот свршеник Бен Афлек.

si-ja-nauchiv-lekcijata-aleks-rodrigez-progovori-javno-za-raskinuvanjeto-so-djej-lo-01.jpg

Поранешниот бејзбол играч Алекс Родригез гостуваше во Entertainment Tonight и меѓу другото за првпат јавно проговори и за тоа што мисли за раскинувањето на свршувачката со Џенифер Лопез и за нејзиното брзо помирување со Бен Афлек.

si-ja-nauchiv-lekcijata-aleks-rodrigez-progovori-javno-za-raskinuvanjeto-so-djej-lo-02.jpg

Доколку некој очекуваше погрдни зборови и скандали, во говорот на Алекс тоа го немаше, туку поранешниот бејзбол играч само рече дека е „благодарен“ за лекциите што ги научил за време на нивната врска.

„Поминав пет години во прекрасен живот и партнерство, и јас и моите ќерки научивме многу. Сега ја имаме можноста да продолжиме понатаму и да кажеме: ’Многу сме благодарни за изминатите пет години, но научивме и добри лекции и што можеме да направиме следните пет години да бидат уште подобри’“ – изјави тој во гостувањето во Entertainment Tonight.

si-ja-nauchiv-lekcijata-aleks-rodrigez-progovori-javno-za-raskinuvanjeto-so-djej-lo-03.jpg

Запрашан за тоа што мисли за брзото помирување на Џенифер со Бен и нивната мошне јавна врска што се провлекува низ медиумите веднаш по објавата за раскинувањето со Алекс, тој умешно го избегна одговорот и рече:

„Многу сум благодарен за тоа каде Бог и светлоста ме ставија и навистина се радувам на иднината. Најмногу на тоа да видам како моите девојчиња ќе се развиваат“ – додава тој.

Иако Алекс нема лоши зборови за Џеј Ло и вели дека си ја научил лекцијата, тоа не значи дека таа сака да ги зачува спомените од изминатите пет години со него.

Обожавателите забележаа дека во текот на изминатиот викенд таа ги избриша сите фотографии со него на социјалните мрежи.

Прочитајте и - И Алекс Родригез отиде на одмор каде што е Џеј Ло со Бен Афлек - со луксузна јахта и згодна девојка (фото)

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Зошто Бен Афлек ја жалел Бритни Спирс? „Знам дека луѓето (папараци и фанови) што постојано те вознемируваат, ти викаат,...
Џенифер Лоренс шета неуредна, Џоли пазари со синот копија на Бред Пит: Фото-докази дека и ѕвездите с... Џенифер Лоренс при крајот на бременоста е сосема непрепознатлива и на папарацо ф...
Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Џенифер Анистон фит во бикини на 55, Никол Кидман со откопчан патент: Фото-докази дека и ѕвездите се... Ријана во специфичен аутфит со бунда на вечера со сопругот, Каја Гербер, ќерката...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...
Го оставила сопругот за него: Која е жената што го „растури“ бракот на Бен Афлек и Џенифер Гарнер? Покрај аферата со дадилката, некои извори тврдат дека Бен Афлек имал афера и со ...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg