Една од најубавите Швеѓанки е мета на критики откако позираше гола со ќеркичката

„Зошто објавуваш фотографии на кои детето е голо?“ - некогашниот модел на Victoria’s Secret, Елса Хоск, се соочи со критики откако сподели неколку фотографии на кои позира гола со 7-месечната ќерка.

najubavata-shvegjanka-meta-na-kritiki-otkako-objavi-fotografii-na-koi-kjerkata-e-gola-01.jpg

Топ моделот и некогашен модел на Victoria’s Secret, Елса Хоск (30), која по потекло е од Шведска, е позната по тоа што на Инстаграм објавува смели фотографии од неа и од нејзината ќерка со цел да го прикаже мајчинството во најприродно светло.

На последните фотки кои ги објави, таа позира гола заедно со нејзината 7-месечна ќеркичка Туулики, а фановите се согласни дека со оваа објава таа претерала, бидејќи ја загрозува приватноста на нејзиното дете.

Елса објави неколку фотки од спална соба со ќеркичката, на кои двете се целосно голи, со позадина од поглед низ прозорец кон прекрасниот Њујорк, а во описот напишала:

„Ајде да ти раскажам за градот каде што се вљубив во татко ти...“

edna-od-najubavite-shvegjanki-e-meta-na-kritiki-otkako-pozirashe-gola-so-kjerkichkata-0.jpg

Елса на Инстаграм има 6.8 милиони следбеници, а некои од нив коментираа и отворено ја прашаа дали смета дека е во ред да споделува фотографии од нејзиното голо дете на социјалните мрежи.

najubavata-shvegjanka-meta-na-kritiki-otkako-objavi-fotografii-na-koi-kjerkata-e-gola-04.jpg

„Не сакам да мислиш дека те обвинувам, но има голем број болни луѓе што може да ја симнат првата фотографија и да ја повредат Туулики на Интернет.

Додека за голем број од нас ова е сосема природно, за голем број други луѓе ова е начин да ги „повредат“ децата што не можат да се бранат, затоа добро е да бидеш внимателна“ – стои во еден од коментарите што доби над 730 лајкови.

najubavata-shvegjanka-meta-na-kritiki-otkako-objavi-fotografii-na-koi-kjerkata-e-gola-05.jpg

„Те молам не објавувај фотографии на кои ќерка ти е гола. Јас сум твој голем обожавател, но мора да ја почитуваш нејзината приватност“ – стои во друг коментар.

najubavata-shvegjanka-meta-na-kritiki-otkako-objavi-fotografii-na-koi-kjerkata-e-gola-06.jpg

Инаку, Елса беше модел за Victoria’s Secret од 2011-тата до 2018-тата година. Таа и нејзиниот долгогодишен партнер Том Дејли станаа родители на 7-месечната Туулики Џоан Дејли во февруари годинава.

Таа често објавува фотографии со ќеркичката на нејзиниот Инстаграм профил.

Погледнете дел од нив:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Крвта не е вода: Ќерката на Хајди Клум на 19 години е совршенство на плажа - во танга бикини, без гр... Синооката убавица е совршена на модните писти и во едиторијалите, но и во природ...
„Мислам дека не ја сакав кога се роди“ - Бредли Купер искрен за ќерка му Леа „Бев фасциниран од ќерка ми, сакав да се грижам за неа, но не ги разбирав другит...
Чак Норис ја изневерил првата сопруга и добил ќерка - дознал за неа дури 26 години подоцна Додека бил во брак со првата сопруга, Чак Норис имал афера од која добил ќерка. ...
Тргнала на фотосесија, завршила како секс робинка и била силувана од 6 мажи – Приказната на актеркат... „Помалку од два проценти од жените успеваат да побегнат од трговијата со бело ро...
„Не прифаќаше ‘НЕ’ за одговор“ – Четири жени го обвинуваат Расел Бренд, бившиот на Кети Пери, за сил... Имале секс еднаш, а потоа кога не сакале тоа да се случи повторно, актерот ги пр...
Ја милува по лицето, откако таа ја помина ноќта во неговиот дом – Дали Ирина Шајк е во врска со Том...  „Том ја зема Ирина со автомобилот, останаа во неговиот дом цела ноќ, а сле...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg