Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Сексапилната девојка од спотот за Wicked Game: „Тајната за добар изглед е танц на шипка“

Хелена Кристијансен е модел, а ќе остане запаметена по улогата во спотот за една од најубавите балади на сите времиња Wicked Game на Крис Ајсак. Денес таа им 52-години, но сè уште позира во секси долна облека.

seksapilnata-devojka-od-spotot-za-wicked-game-tajnata-za-dobar-izgled-e-tanc-na-shipka-01.jpg

Хелена Кристијансен почнала да чекори на модните писти уште како дете. Топ моделот со данско и перуанско потекло (мајка ѝ е од Перу) на возраст од 16 години станала Мис Копенхаген, а во 1987-та година се здобила и со титулата Мис Данска.

Следната, 1988-ма година се натпреварувала и за Мис Универзум, но не успеала да победи.

Најголемата слава ја стекнува во текот на 90-тите години на минатиот век, откако се појави во спотот на Крис Ајсак за песната Wicked Game. Taa во периодот од 1997-мата до 1999-тата беше и меѓу ангелите на Victoria’s secret.

Сепак, иако веќе е навлезена во шестата деценија од животот, Хелена нема намера да запре. Таа редовно објавува фотографии во провокативни изданија на Инстаграм, а неодамна имаше и фотосесија за долна облека.

Во интервју за Harper's Bazaar таа меѓу другото говореше и за тоа во што се крие тајната за нејзиниот младешки изглед.

Меѓу повеќето нешта што ги наброи, на прво место ги стави одморот и физичката активност, што за неа има малку поинакво значење.

„Се чувствувам најдобро кога сум добро наспана. Тоа ми е прв приоритет. Мислам дека е приоритет за повеќето луѓе, затоа што ти го менува целиот ден“ – вели таа.

helena-kristijansen-52-neodoliva-vo-dolna-obleka-tajnata-za-dobriot-izgled-e-odmor-i-tanc-na-shipka-02.jpg

Што се однесува до доброто оддржување на телото во топ форма таа признава дека се занимава со нетипична форма на вежбање:

„Неодамна почнав да танцувам на шипка. Тоа е најтешката физичка активност што некогаш сум ја пробала во животот и навистина имам голема почит за сите што танцуваат на шипка.

За мене тоа е како виртуелен балет, па перцепцијата дека станува збор за нешто што е мошне евтино воопшто не ме вознемирува, не ги ни слушам таквите коментари. На сите што имаат такво мислење за оваа активност, само ќе им кажам: ‘Обидете се’“ – вели таа.

helena-kristijansen-52-neodoliva-vo-dolna-obleka-tajnata-za-dobriot-izgled-e-odmor-i-tanc-na-shipka-03.jpg

Освен како модел, таа работела и како успешен фотограф, а има и свое фото-студио во Њујорк. Таа беше креативен директор на модното списание Nylon што постоеше од 1999-тата до 2017-тата година.

helena-kristijansen-52-neodoliva-vo-dolna-obleka-tajnata-za-dobriot-izgled-e-odmor-i-tanc-na-shipka-02.jpg

Таа никогаш не стапила во брак, а има еден син од врската со актерот Норман Ридус. Нејзиниот син Мингус Лучиен Ридус сега има 21 година и тргна по стапките на мајка му, па веќе е успешен модел.

Погледнете ги фотографиите во продолжение:

Б. С. Б. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Пред 20 години стана татко, па призна дека е геј - Се сеќавате ли на Данкан Џејмс од Blue? За многумина најубавиот член на британскиот бенд Blue отсекогаш бил Данкан Џејмс...
Меган Фокс објави дека е бремена, откако го загуби претходното бебе: „Добредојде назад“ Позира гола, а телото го прекри со црна боја... Меган Фокс на свој начин откри д...
Абортус, изгубена невиност со постара жена - Најголемите скандали што славните ги открија во своите ... Парис Хилтон била силувана од постар маж во осмо одделение, Лиза Мари Присли рас...
Биолошкиот син на Мадона побегна од неа на 15 години и остана со татко му – во какви односи се денес... Го носеше со себе на турнеи, па тој ѝ побегна и си замина кај татко му. Односот ...
Ѝ го украла сопругот на најдобрата пријателка, пиела шише виски на ден - 10 најголеми скандали во жи... Обожавала диви забави и наводно пиела шише виски секој ден, па морала да се леку...
8 познати парови чија љубов трае долго и покрај големата разлика во годините Џеј Зи е 12 години постар од Бијонсе, а Мајкл Даглас им 25 години повеќе од сопр...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg