„Изгледа како лепеза“ – Тајра Бенкс стана хит меме со бизарниот фустан (фото)
- Детали
- петок, 01 октомври 2021
Тајра Бенкс е една од водителките на американското Dance With the Stars, а во последното шоу привлече повеќе внимание и од натпреварувачите со нејзиниот бизарен фустан.
Супермоделот се појави со фустан со темноцрвена боја кој можеби и нема да изгледа лошо без огромниот детаљ што наликува на крилја или, како што нагласија некои твитерџии, на диносаурус.
Фустанот привлече толку многу внимание, што дури и од официјалниот Твитер профил на франшизата Jurassic World направија споредба со диносаурус, со опис:
„Кој го носи подобро?“
По нивната објава, фустанот стана вирален, а твитерџиите веднаш почнаа да прават споредби со сè – од декорации, до лепеза.
47-годишниот супермодел се огласи во врска со фустанот во шоуто на Џејмс Корден:
„Поразличното е што? Подобро. Немам време да бидам нормална во убав фустан, бидејќи никој нема да каже ништо за убав фустан. Треба да ги поместувате границите“.
Во продолжение дел од најсмешните твитови за фустанот на Тајра:
„Научив да го правам фустанот на Тајра во прво одделение!“
„Што по ѓаволите носиш?“
„Дали на некој фустанот му личи на BabyBel кашкавал?“
„Не гледам никаква разлика“.
„Кој го носи подобро? Роденденските декорации на син ми или Тајра Бенкс?“
„Изгледа како салфетки за Денот на благодарноста“.
„Како да го направите фустанот на Тајра“.
„Мама ми прати фотка од вечерашниот аутфит на Тајра и го гледам само ова…“
„Не знам што се случи, но додека го гледав шоуто пуштија реклами, а кога престанаа Тајра Бенкс беше заглавена во некој огромен вентилатор. Загрижен сум!“
„Зошто ми е толку смешна реакцијата на Дерек Хју за фустанот?“
„Тајра навистина треба да престане со ваквите аутифити. Изгледа како лепеза“.
„Тајра не беше поканета на Мет галата годинава, но не ѝ пречи“.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





