Гладуваат за тесните фустани, користат дрога во тоалетите: Мрачната страна на Мет гала

Иако важи за најексклузивниот моден настан во светот, и Мет галата си има свои мани – гостите, посебно жените, одат до екстреми за да ослабат и да „влезат“ во тесните креации, некогаш има конфликти меѓу нив, а честопати се случувало да имаат и секс во тоалетите.

gladuvaat-za-tesnite-fustani-koristat-droga-vo-toaletite-mrachnata-strana-na-met-gala-01.jpg

Раскош, гламур и дизајнерски аутфити кои чинат повеќе од годишна плата – вака изгледа Мет галата, барем оној дел што можеме да го видиме ние, „обичните“ луѓе.

Зад затворени врати, најексклузивниот моден настан во светот и не е така совршен, барем за гостите кои треба да се прикажат во најдобро издание и да изгледаат беспрекорно бидејќи се „под лупа“ на јавноста и критичарите.

Овде се и скандалите кои се случувале низ годините и кои покажуваат дека Мет галата си има и „мрачна“ страна.

Неколку детали за мрачната страна на Мет гала, која ние не ја гледаме:

Некои ѕвезди не можат да отидат ни во тоалет

Во име на модата, гостите на Мет гала жртвуваат многу, дури и потребата за одење во тоалет.

gladuvaat-za-tesnite-fustani-koristat-droga-vo-toaletite-mrachnata-strana-na-met-gala-04.JPG

Одличен пример за ова е Бела Хадид која во 2017 година уште се пробиваше на модната сцена и имаше можност да присуствува на настанот.

Тогаш манекенката се појави во тесен комбинезон од брендот Alexander Wang, а бидејќи уште не била доволно позната, немала никаков удел во одлуката за тоа што ќе носи.

Имено, кога покажала загриженост дека комбинезонот ќе ѝ биде неудобен, дизајнерот само ѝ рекол да замолчи и да изгледа убаво, како и дека никој немало ни да ја фотографира ако не носела негова креација.

Комбиензонот бил зашиен на Бела, па таа неможела да оди ни во тоалет.

„На крај, таа само молчеше. Откако го облече комбинезонот, требаше да го издржи шминкањето, црвениот тепих и вечерата без да оди во тоалет.

Ѝ беше страв да пие вода и при крајот беше во болка бидејќи се воздржуваше“, вели извор за The Sun.

gladuvaat-za-tesnite-fustani-koristat-droga-vo-toaletite-mrachnata-strana-na-met-gala-02.JPG

Некои ѕвезди слабеат драстично за да можат да „влезат“ во креациите

Ким Кардашијан отворено зборува за лудите диети што ги држи за нагло да ослаби за нејзините изданија на Мет гала.

За настанот во 2022-ра, кога носеше фустан на Мерилин Монро, ријалити ѕвездата ослабела скоро 8 килограми за три недели со строг режим на вежбање и изгладнување.

gladuvaat-za-tesnite-fustani-koristat-droga-vo-toaletite-mrachnata-strana-na-met-gala-05.JPG

Минатата година, пак, носеше толку тесен корсет, што јавност почна да шпекулира дека си извадила ребра за да ја собере.

gladuvaat-za-tesnite-fustani-koristat-droga-vo-toaletite-mrachnata-strana-na-met-gala-7.JPG

Пред неколку години, имало и малку одвратен инцидент со музичар кој испил премногу апчиња за слабеење. Имено, музичарот, чие име не е откриено во јавноста, добил дијареја од многуте апчиња и не можел навреме да стигне во тоалетот.

Организаторите реагирале брзо – го тргнале настрана и му помогнале да се среди и до денес успешно го кријат неговото име.

gladuvaat-za-tesnite-fustani-koristat-droga-vo-toaletite-mrachnata-strana-na-met-gala-03.JPG

Продолжува на следната страница...



Би можело да ве интересира:

Брчки, подбрадок: Како изгледаат лицата на славните на Мет гала 2026, без Фотошоп и филтри? Без Фотошоп и бројни филтри, Крис Џенер сепак не изгледа како жена со 40-тина го...
Била зависничка од дрога, денес има 73 години – Каде е и што прави Ивет од бразилската серија „Клон“... Во 1969-та била Мис Бразил, го изгубила старателството над синот заради зависнос...
Шон Пен сакал да го избрка синот зависник од дома: Проклетството што ги следи децата на холивудските... Синот на актерката Фара Фосет наследи 4,5 милиони долари по нејзината смрт. И, у...
„Парада на кретени“, „матурска за славни“: Познати личности кои ја презираат Мет галата (но не ја од... „Нема да одам никогаш повеќе! Мислев дека ќе биде гламурозно и убаво, но само бе...
Забременила на 15 години, се венчал со неа за да не оди во затвор: Скандалозниот брак на Чарли Чапли... Од четирите бракови на Чарли Чаплин, еден од поскандалозните е оној со Лита Греј...
Мрачни детали за Деми Мур што ги открија нејзините ќерки: Се предозирала пред нив, мислеле дека ги м... Бидејќи Ештон Кучер ѝ бил симпатија на Румер Вилис, таа вели дека се чувствувала...

Најчитани неделава