Гладуваат за тесните фустани, користат дрога во тоалетите: Мрачната страна на Мет гала
Некои гости имаат секс во тоалетите
Според некои извори, не е реткост гостите да имаат секс во тоалетите додека трае вечерата и забавната програма на Мет гала.
„И тоа, не одат секогаш со партнерите со коишто дошле. Се сеќавам една година имаше супермодел кој замина во тоалетот со друг маж, а имаше и две ѕвезди од 1990-тите кои исто така ги забележав.
Не така одамна, пак, имаше две девојки од популарна ТВ серија кои им нудеа тројка во тоалетот на неколку актери“, вели извор за The Sun.
Една актерка, пак, била фатена како има секс по телефон со нејзиниот дечко.
Наводно, била затворена во една од кабините и бидејќи била мошне гласна, ја слушнале други жени кои биле во тоалетот.
Некогаш гостите не се поднесуваат едни со други
Организаторите на Мет гала имаат откриено дека кога го прават распоредот на седење, обрнуваат особено внимание на тоа да не сместат бивши партнери или луѓе кои имале конфликт во непосредна близина. Но, некогаш ова не е доволно за да се зачува мирот.
Можеби најпознатиот инцидент кој се случил на Мет гала е помеѓу Соланж – сестрата на Бијонсе – и Џеј Зи.
Во 2014 година, откако се дозна дека Џеј Зи ја изневерувал Бијонсе, Соланж го нападна додека беа во лифт на Мет галата.
Снимката од безбедносната камера во лифтот брзо се прослави, па мораа да ѝ се извинуваат на Ана Винтур бидејќи оставија дамка на престижниот настан.
Една година имало и гостин кој сакал со себе да понесе вооружен телохранител на настанот.
Иако се заканувал дека нема да дојде ако не му дозволат, на крај сепак попуштил и дошол сам.
Се користи дрога во тоалетите
Изворите велат дека гостите редовно користат дрога во тоалетите, иако ретко се фатени од обезбедувањето.
Сепак, во 1990-тите имало ваков инцидент кога на актерка ѝ паднала чантата на подот во тоалетот и ѝ се истурил кокаинот кој ѝ бил скриен во карминот.
Имало и ситуации кога гостите биле фаќани додека пробувале да „шверцуваат‘ дрога на настанот.
Спирова С. | Црнобело
Би можело да ве интересира:





