Кои ѕвезди ги разгалуваат семејствата со пари и подароци, а кои не им оставаат ништо?
- Детали
- сабота, 13 август 2022
-->
Американскиот пејач Тајрис Гибсон ѝ купи приватен остров на 8-годишната ќерка, додека Ештон Кучер и Мила Кунис не купуваат ниту новогодишни подароци за нивните деца.
Можеби ние мислиме дека штом некој се родил во богато семејство или има член од блиското семејство кој е многу богат, целиот живот не треба да се грижи за пари.
-->
Но, многу славни и богати личности не дозволуваат нивните деца и семејства да бидат разгалени, па не им даваат скоро ништо.
Од друга страна, постојат славни личности кои сакаат да ги почастат најблиските со нешто убаво, а некогаш и неопходно како, на пример, нова куќа.
Погледнете кои славни личности ги разгалуваат нивните семејства со пари, а кои не планираат да им дадат ништо:
Ријана ѝ купила куќа од 2 милиони долари на мајка си во Барбадос. Пејачката сама го откри овој детаљ во шоуто на Опра.
Крис Хемсворт се грижи за неговото семејство и тврди дека неговото најголемо достигнување не е актерската кариера, туку можноста да им го исплати домот на родителите во Австралија.
-->
-->
Карди Би има изјавено дека нејзиниот најголем сон бил да ѝ купи куќи на мајка ѝ. Во 2018 година го направи токму тоа. Таа и постојано ги опсипува родителите со скапи подароци.
-->
Американскиот пејач Тајрис Гибсон е победник кога станува збор за разгалување на семејството и децата. Во 2015-та, на неговата ќерка Шајла тој ѝ купи приватен остров. Тогаш Шајла имаше само осум години.
Двејн Џонсон без проблем троши пари за најблиските. На пример, на неговата мајка ѝ купи огромна куќа, а на неговиот татко – скап автомобил.
-->
Зејн Малик потрошил мало богатство за да ѝ помогне на мајка му да се пресели во побезбедно соседство, во многу поубав дом.
Тејлор Свифт потроши 2,5 милини долари во 2011-та за да им купи куќа на родителите.
Тревис Скот сподели дека им купил куќа на родителите како божиќен подарок, и тоа со емотивна изјава. Како што вели раперот, порано тие „спиеле на подот, но сега чекорат по мермер“.
На следната страница славните кои не сакаат да ги разгалуваат семејствата…
Би можело да ве интересира:
Познати жени кои се маќеи (и ги сакаат децата на сопрузите како свои)
„Кога се венчав во Вил, знаев дека и син му е дел од нашето семејство. Потоа нау...
„Ќе ја научиш ли ќерка ти да не биде како тебе?“ – Парис Хилтон критикувана затоа што ќе снима реалн...
„Ќе покажеш ли и колку дадилки имаш?“, „Како не ти е срам да се фалиш дека си до...
Мајката на Џеј Зи, која има 4 деца, се ожени со девојката на 72 години - Која е нејзината нова сопру...
Венчавката на мајката на Џеј Зи и нејзината партнерка Роксан ја изненади јавност...
Познати личности кои живеат скромно и штедат, без разлика што имаат милиони
Мила Кунис и Ештон Кучер потрошиле помалку од 200 долари за нивните веренички пр...
Анџелина Џоли разочарана: Биолошката ќерка ѝ го сврте грбот – ќе се сели кај татко ѝ
Шајло Џоли Пит во мај годинава ќе наполни 18 години, а планира да се пресели кај...
Се избори за ќерката да биде скромна девојка, 12 години ѝ беше и мајка и татко – Како Кејти Холмс до...
Во изминативе 12 години додека Том Круз никогаш не ја спомнал ќерката Сури, на К...