Спонзорирано од:
Спонзорирано од ОгласиЗаРабота.мк


Најубавото изненадување – Џон Леџенд со широка насмевка слуша улична музичарка која пее негова песна (видео)

Додека ја пеела „All of Me“ во шопинг центар во Бостон, уличната музичарка Рада Рао сфатила дека во публиката стои и Џон Леџенд кој со широка насмевка ја ислушал нејзината изведба до крај, а потоа ја прегрнал и ѝ дал пари.

najubavoto-iznenaduvanje-dzhon-ledzhend-so-shiroka-nasmevka-slusha-ulichna-muzicharka-koja-pee-negova-pesna-video-01.jpg

Рада Рао е пејачка која редовно настапува на улиците во Бостон, а дел од нејзиниот репертоар е хитот на Џон Леџенд „All of Me“.

Последниве три месеци Рада секој викенд настапувала во исиот шопинг центар во Бостон, а на последниот настап имала вистинско изненадување – нејзината изведба ја слушал и Џон Леџенд.

Додека Рада ја пеела „All of Me“, околу неа имало толпа народ, кога забележала дека еден маж многу ѝ личи на Џон Леџенд.

„Здогледав маж со мантил, заштитна маска и неколку деца и си помислив ’Колку личи на Џон Леџенд‘. Не обрнав многу внимание на него, сè додека не ја извади маската и ми стана јасно дека тоа навистина е Џон Леџенд“.

Рада ја довршила песната, а Џон Леџенд ја ислушал до крај, а убавиот момент е овековечен и на видео. Пејачката самата сподели две видеа на кои се гледа како Џон со широка насмевка ја слуша неговата песна, а на крај ѝ остава пари и ја прегрнува.

„Благодарна сум што денес имав можност да пејам за неверојатниот Џон Леџенд и неговото семејство“, пишува во описот на објавата.

„Сакав да го продолжам убавиот момент. Продолжив да свирам и пеам и го дадов најдоброто од себе. Бев почестена што тој одлучи да остане, да ме ислуша и да го цени локалниот талент. Ова многу ми значи“, вели Рада.

Спирова С. | Црнобело

Би можело да ве интересира:

Имаше рак на дојка, се откажа од децата што му ги роди: Втората сопруга на Мајкл Џексон изгледа непр... Мајкл Џексон и Деби Роу се венчаа во тајност во 1996-та и добија две деца – Пари...
Меган Фокс флертува со Микеле Мороне од „365 Days“, по раскинувањето: „Сигурна е дека Машин Ган Кели... По разделбата со Машин Ган Кели, фановите почнаа да ја поврзуваат Меган Фокс со ...
6 години ја криеја врската, се венчаа дури откако добија деца: Љубовната приказна на Двејн Џонсон и ... Бракот на Двејн Џонсон и сопругата Лорен важи за еден од најстабилните во Холиву...
Остана без работа поради користењето дрога, не ѝ дозволувале да јаде: Тажни детали од животот на Кеј... По бурната врска со Џони Деп, за да го преболи, Кејт Мос се вплетка во љубовен т...
Таа имаше 19 години, тој 50: Љубовта на Миа Фароу и Френк Синатра е една од најбурните во Холивуд Се запознале на снимање филм, па и покрај разликата од преку 30 години, двајцата...
5 славни жени тврдат дека се посреќни кога се сингл: „Не ми треба маж кој ќе се однесува како дете“ „Решив веќе да не одам на љубовни состаноци, зашто долго време не чувствував иск...

Најчитани неделава

sonovnik-sidebar.jpg